Први јуни е Светски ден на млекото. Млекото како намирница наоѓа голема примена и речиси секојдневно се користи во исхраната на луѓето. Тоа е еден од најстарите производи кои човекот ги користи во својата исхрана. Претставува природен извор на голем број витамини и минерали кои се потребни за одржување на добрата здравствена состојба.
Како да ги поттикнете децата да пијат повеќе млеко?
Веќе долго време се зборува колку е важен калциумот за правилниот раст и развој за вашите најмали. Но, се почесто се зборува дека децата одбиваат да пијат млеко, јогурт или да јадат млечни производи, на сметка на други за нив слатки работи. За разлика од многуте десерти, традиционалниот сутлијаш е вистински избор за вашето дете.

Богатата палета на висококвалитетни млечни производи изработени од внимателно одбрано и прецизно селектирано 100% македонско млеко, на Млекара Здравје Радово го соддржи и познатиот млечен десерт Сутлијаш. Токму на 1 јуни Светскиот ден на Млекото ве потсетуваме на фактот, колку е важно Вашето дете да консумира млечни производи. Сутлијашот е подготвен по стар проверен и традиционален рецепт, но со нова, модерна технологија која на сутлијашот Здравје му дава оригинален вкус. Традицијата на домашна подготовка на овој стар рецепт, сега е надополнет со модерна технологија, но и секогаш свежо млеко кое се користи само при подготовка на овој производ. Технологијата на подготовка на сутлијашот овозможува зачувување на сите хранливи состојки кои ги има само свежото млеко во комбинација со домашен ориз. Во подготовката на сутлијашот се запазени сите стандарди пропишани со регулативите на ЕУ. Сутлијашот до корисниците доаѓа во атрактивно пакување од 150 грама, кое ја задржува свежината, вкусот и хранливата вредност на состојките. Покрај како десерт, Млекара Здравје Радово, Сутлијашот го препорачува и како оброк за сите оние кои внимаваат на својата здрава исхрана, особено за најмладите на кои им е најпотребен внесот на калциум од млечните производи како и јаглехидратите и корисните протеини кои ги има оризот. Дајте му на Вашето дете, висококвалитетен млечен производ, кој со задоволство ќе го консумира…
*Комерцијален текст
Ви предлагаме да прочитате: Златно млеко за одлично здравје и антиканцерогена заштита.