Доматот штити од рак на желудник

На зголемен ризик од оваа болест се изложени пушачите, алкохоличари и лицата со болести на желудникот, како што се хронични атрофичен гастритис и полипи. Рак на желудникот е најчест малиген тумор. Кај мажите е на второто место, веднаш по ракот на белите дробови, а кај жените е на третото место, веднаш по ракот на градите и рак на матката. Најчесто оваа болест влијае на лицата од 40 – 60 години. Причината за рак на желудник не е позната, но се знае дека некои фактори во исхраната може да придонесат за неговиот развој.

Ново истражување за ефектите на доматите врз карциномот

Едно неодамнешно истражување утврдило дека доматите го намалуваат растот и ширењето на клетките на ракот на желудник, што е уште една придобивка за да јадете домати.

домати рак на желудник

Два истражувачки тимови, од САД и Италија, анализирале како компонентите на екстрактот од две италијански сорти на домати, делувал на малигните промени на клетките на слузокожата на желудникот. Нивното проучување покажало дека екстрактот од двете сорти го намалил растот и го блокирал размножувањето на малигните клетки.

Според зборовите на истражувачите, третманот со екстракт од домати влијаел негативно на клеточните процеси на малигните клетки, блокирајќи ја способноста на тие клетки да мигрираат. На овај начин, се прекинувал нормалниот клеточен циклус на малините клетки, што на крај резултирал со нивна смрт.

„Третманот со домати влијаел на способноста на клетките на ракот да растат во полуцрвста средина, така што била намалена способноста да мигираат. На нормалните клетки, не бил забележан никаков токсичен ефект„ – напишале истражувачите во списанието кое е објавено во списанието Journal of Cellular Physiology.

Авторката на ова истражување, Даниела Барон, напомнала дека ефектот на доматите изгледа не е поврзано со некоја специфична состојка на доматите за која се знае дека е антиканцерогена, на пример ликопенот. Според нејзините зборови, благотворниот ефект потекнува од користењето на целиот домат. А, проф. Антонио Џордано, еден од истражувачите додал дека ова откритие отвора пат и за креирање на стратегија за конвенционално лекување на ракот на желудник.

Ви предлагаме да прочитате: Јадете домати во неограничени количини! Подмладуваат, добри се за здравјето и не дебелат!

Сподели: