Домашен пилинг за усни од кафе и тиква 1

Домашен пилинг за усни од кафе и тиква

Усните се многу чувствителна област, па им е потребна постојана нега за да изгледаат убаво и негувано. Во поладните денови тоа е особено важно и грижата мора да се интензивира, затоа што тие пукаат и од студот стануваат суви и непривлечни. Бидејќи, исто како што му е потребно на нашето тело, така и на усните и лицето им годи нежна ексфолијација, ви предлагаме да го пробате нашиот домашен пилинг за усни кој е многу корисен за овој период од годината.

Овој домашен пилинг е многу лесен за подготовка и е направен од состојки кои сите ги имаме во кујната. Па, не постои место за паника и ако дојде во контакт со усната празнина додека го правите пилингот.

Домашен пилинг за усни од кафе и тиква 2

Еве неколку причини зошто е избрана секоја од состојките!

Кафето и шеќерот нудат совршена пилинг текстура и не случајно се дел од состојките за третманов. Кафето содржи антиоксиданси, а шеќерот им дава на усните младешки сјај поради природната гликолна киселина што ја содржи и нежното триење, а исто така е и природен навлажнувач. Тиквата изобилува со витамин А кој е од витална важност за кожата. Медот содржи антиоксиданси кои го спречуваат стареењето, а кокосовото масло се бори со бактериите и ја хидрира кожата. Морското оревче не само што ќе му даде прекрасна арома на пилингот, туку и поседува силни антифугални, антибактериски и антивоспалителни  својства. Шеа путерот содржи колаген, што е неопходен за здрава кожа со малдешки изглед.

Во продолжение ви го претставуваме рецептот за фантастичниот домашен пилинг кој ќе ви помогне да имате здрави и негувани усни дури и во студените зимски месеци.

Потребно:

  • 1/8 шолја органски кафеав шеќер
  • 1/8 шолја кафе
  • 2 лажици пире од тиква
  • 1 лажичка органски мед
  • 1 лажица кокосово масло
  • ¼ лажичка шеа путер
  • малку морско оревче во прав (не е задолжително).

Подготовка:

  1. Најпрво во сад ставете ги кафеавиот шеќер, кафето и тиквата и дoбро изблендирајте ги.
  2. Потоа додадете ги медот, кокосовото масло, шеа путерот и морското оревче.
  3. Добро промешајте ја смесата додека не стане хомогена.
  4. Вака подготвениот пилинг турете го во тегличка со капак и чувајте го во фрижидер.

Начин на употреба:

  1. На претходно измиени усни нанесете мала количина од пилингот и со чисти прсти, со кружни движења, нежно масирајте околу 20 секунди.
  2. Потоа, повторно исплакнете ги усните со млака вода и откако се потполно чисти, нанесете балсам за усни.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен пилинг за тело со шеќер.

Сподели: