Домашен сируп од ананас против кашлица

Домашен сируп од ананас против кашлица

Ако страдате од кашлица која не е поврзана со посериозна состојба, како што е пневмонија, ви препорачуваме да пиете чист сок од ананас. Тој е ефикасен и ќе ви донесе побрзо закрепнување. Ќе го смири воспаленото грло и ќе го олесни ослободувањето од насобраната слуз. Еве како да направите домашен сируп од ананас против кашлица.

Бидејќи содржи бромелаин, ензим со антиинфламаторни својства, лесно се бори со инфекции и ги убива бактериите. Најдобро е да користите свежо цеден сок, но можете да купите и 100% чист сок од маркетите. Само една чаша сок од ананас содржи 50 проценти од нашите дневни потреби за витамин Ц. Исто така, содржи и многу важни ензими, кои го регулираат метаболизмот и производството на енергија во телото.

Домашен сируп од ананас против кашлица

Ананасот содржи магнезиум, минерал кој е важен за ткивата и коските, како и за подобра апсорпција на калциумот. Преку чист цеден сок, можете да внесете и чист бромелаин, кој е клучен агенс во сите антиинфламаторни процеси. Бромелаинот ги раствора протеините кои тешко се варат, па предизвикуваат проблеми со запек. Тој е и природен диуретик, добар е за бубрезите и ги исфрла штетните токсини од телото. Девојките и жените кои имаат проблеми со болната менструација треба да пијат сок од ананас. Бромелаинот има аналгетски својства и може да помогне во ублажување на болката.

Бидејќи ананасот е богат со витамин Ц, тој е и одличен борец против акните. Користете чист сок од ананас како тонер или само нанесете го на лицето, оставете го да се исуши, а потоа исплакнете со ладна вода.

А во продолжение прочитајте како да направите домашен сируп од ананас против кашлица:

Состојки:

  • 250 мл свеж сок од ананас
  • 1/4 чаша свежо цеден сок од лимон
  • 1 парче корен од ѓумбир (рендан)
  • 1 лажица мед
  • ½ лажичка каенска пипер.

Подготовка:

  1. Измешајте ги сите состојки во подлабок сад.
  2. Консумирајте 1/4 чаша, 2-3 пати на ден, додека симптомите не исчезнат.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 неверојатни здравствени придобивки од ананасот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: