Домашни лекови за желудник и црн дроб со сок од компир 1

Домашни лекови за желудник и црн дроб со сок од компир

Како и секогаш, штом наидеме на добри препораки од народната медицина и алтернативни „лекови“ кои биле корисни за повеќе луѓе, ги споделуваме со сите вас. Така наидовме и на овие информации за лековитоста на домашно припремен сок од компир. Прочитајте, можеби ќе ви користи.

Свежиот сок од компир може да се добие на два начини. Првиот е да ги измиеме и да ги изрендаме компирите, па да ги ставиме во ленена крпа, а потоа со помош на стискање на истата може да се исцеди сокот. Така добиениот сок од компири се консумира исклучиво свежо припремен. Исто така, компиров сок може да се добие со помош на соодветен соковник. Важно е никогаш да не ги користите листовите, односно зелените делови на растението, бидејќи се отровни. Исто така, да не користите зелени компири, ниту компири кои се изртени затоа што тоа би било штетно. Поновите истражувања велат дека сокот од компири може да користи за помош при повеќе состојби, како што е артритис, за спречување на раст и множење на канцерогени клетки, за стомачни тегоби и проблеми со црниот дроб. Но, има и такви истражувања кои порано укажувале дека е штетен поради соланинот, кој е во состав на компирите. Од тие причини, препорачуваме доколку имате било каков сомнеж во користењето на овој напиток, да истражите подетално.

Домашни лекови за желудник и црн дроб со сок од компир 2

Како и за што може да се користи сокот од компир?

Сокот од компир како помош против гастритис се користи така што една супена лажица треба да се разреди со малку вода и тоа најмалку 30-тина минути пред, појадокот, ручекот и вечерата, како важни и обилни оброци.

При заболување на црниот дроб, напитокот се зема наутро и тоа по 50 мл, во мали и одмерени голтки, разреден со малку вода или во комбинација со свеж сок од морков. Самиот сок од компир, како поедичен напиток не е доволен во потполност за црниот дроб, па се препорачува и секојдневно консумирање на чорба од компир со додаден магдонос (два пати дневно). Исто, така во комбинацијата може да се додаде и компир салата со малку путер и многу магдонос, лук, лимонов сок и маслиново масло.

Во секој случај, пред да бидете „сам свој лекар“, бидејќи станува збор за нешто што може да е ново за вашиот организам, препорачувамеда се консултирате со вашиот лекар, кој најдобро и подетално ја знае вашата здравствена состојба.

Ви препорачуваме да прочитате: Компирот како храна и лек – хранлива вредност, употреба и дејство.

Сподели: