намирници за детоксикација 1

Детоксикација на црниот дроб – предуслов за добро здравје

На секој од нас повремено му е потребно чистење на организмот од токсините кои ги внесуваме со храната и пијалаците. А, најдобар начин за ослободување од штетните материи е преку детоксикација на црниот дроб, кој е т.н. лабараторија на организмот. Во денешните услови на живот, кога вирусите и настинките демнат на секој чекор и чекаат „слаба точка“ на нашиот организам, ова е важен чекор за превенција. Како делува детоксикацијата, колку помага и дали штити од болести, дознајте од текстот кој го подготвивме од најновото истражување.

Детоксикацијата на црниот дроб помага во ослободувањето од токсини после преголема консумација на алкохол или нездрава храна. Тоа му помага на телото да го одржи неговото здравје, да го одржува силен имуниот систем. Исто така, ја подобрува неговата работа и превенира развој на разни болести на црниот дроб.

А, знаете ли дека детоксикацијата е неопходна и после прележување на корона вирусот? – Тоа всушност е една од силните појдовни точки зошто избравме да ја истражуваме и разработиме темава детално. Срдечно ви препорачуваме да го прочитате текстов до крај.

намирници за детоксикација на црниот дроб 2

Која е функцијата на црниот дроб во организмот?

Црниот дроб е еден од најголемите органи во телото. Има витална улога во здравјето и благосостојбата на човекот. Важен е за процесирање на сѐ она што јадеме, пиеме, дишеме и апсорбираме. Има улога во исфрлањето на непотребни материи од организмот и се справува со разни хранливи материи и лекови. Ова ги вклучува сите синтетички хемикалии и токсини на кои сме изложени, а доаѓаат од околината, ги внесуваме со храната или ги ставаме на кожата. Затоа е многу важно да се употребуваат еколошки и органски производи кои не содржат штетни материи.

Обично, црниот дроб со леснотија ги извршува своите функции и процеси. Сепак, современиот начин на живот го става системот за детоксикација под голем притисок, без разлика колку и да водите здрав живот. Црниот дроб извршува над 500 телесни функции, затоа треба да бидеме сигурни дека правилно се грижиме за овој витален орган. Притоа, правилната нега вклучува детоксикација и ако истата е спроведена правилно, придобивките се неизбежни за било кој организам.

Какво е значењето и што претставува детоксикација на црниот дроб?

Детоксикацијата е природен процес кој телото го извршува секојдневно. Се одвива без никаков или особено голем напор, исто како срцето што пумпа крв. Она на што треба да се посвети внимание и да го посочиме е дека, капацитетот на црниот дроб за ефективно да го детоксицира телото е ограничен. Притоа, сите штетни материи и токсини со кои црниот дроб не може да се справи, се таложат на него. Ова може да предизвика несакани симптоми како слабост на телото и кожни проблеми. Проблемите на кожата се јавуваат бидејќи токсините ја препознаваат како „излез за итни случаи“ кога е нарушена функцијата на црниот дроб.

Како и сите детоксикации, и оваа бара посебен режим на исхрана. Детоксикацијата на црниот дроб најчесто се прави преку постење и пиење на природни сокови и други течности во времетраење од неколку дена. Покрај тоа, потребен е и посебен режим на исхрана и земање на одредени додатоци на исхраната.

Дали детоксикацијата може да го заштити самиот црн дроб од болести?

Врз здравјето на црниот дроб големо влијание имаат целокупното здравје, гените, исхраната, животниот стил и надворешната околина. Програмите за детоксикација на црниот дроб не третираат оштетувања и не штитат од болести.

Може да ве интересира: Детоксикација на црниот дроб со 4 намирници.

Начини на спречување на болести на црниот дроб

Промените во животниот стил и навиките може да помогнат да го одржите црниот дроб здрав без посебни детокс програми. Овој чекор е особено важен ако имате поголем ризик од појава на болести поради прекумерна консумација на алкохол или семејна историја на проблеми. Еве неколку начини за превенција на заболувања на црниот дроб:

  • Ограничен внес на алкохол
  • Здрава, редовна и балансирана исхрана секој ден. Тоа значи 4-5 порции овошје и зеленчук, како и јаткасти плодови, семиња и житарици од цело зрно. Погрижете се да внесувате и протеини.
  • Одржувајте здрава телесна маса.
  • Вежбајте или практикувајте движење секој ден. Ако претходно не сте вежбале долго време или воопшто, почнете со лесни вежби и не форсирајте.
  • Ослободете се од лошите навики кои го загрозуваат здравјето како што се цигарите, користење на заеднички прибор за хигиена (крпи, жилети, четки за заби…).

Дали додатоците на исхраната помагаат за здрав црн дроб?

Се разбира дека додатоците на исхраната, придружени со здрав живот и храна го помагаат здравјето на црниот дроб.Кои се тие?

Hawaiian Spirulina 

Hawaiian Spirulina е модро-зелена микроалга идеална за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна. Содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки кои се во својата изворна форма, без додатоци. Во нејзиниот состав содржи 65% лесно сварлив протеин, железо, бета каротен, калциум, селен, витамин Е, витамини од Б комплексот и други пожелни состојки. Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Достапна е во пакување од 100, 200 и 400 таблети од 500 mg и 142 g прав. Консумирањето Hawaiian Spirulina се препорачува за сите возрасти.

NAC (N-Acetyl Cysteine)

N-Acetyl Cysteine (NAC) е стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Тоа е аминокиселина што содржи сулфур кој делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. N-Acetyl Cysteine (NAC) содржи молибден и селен – основни минерали во трагови кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими. NAC помага за одржување на клеточното здравје и штити од слободни радикали.

Choline & Inositol

Choline & Inositol е производ кој во својот состав содржи холин и инозитол. Choline & Inositol се препорачува поради тоа што го поддржува метаболизмот на масните киселини и трансмисијата на нервите.

холин и инозитол 2

Споменатите производи може да ги начарате од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна, а истите ги има и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: 4 намирници богати со витамини и минерали за детокс на белите дробови и црниот дроб.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: