Спомна некој домашна забава?! – Да, може да се има и тоа како! Ви предлагаме нова активност, за големи и мали, за уживање на сите генерации во поблиското семејство. Ја поттикнуваме вашата креативност пријатели. Направете домашни новогодишни украси од цевки за елката и домот. Лесно е, забавно и не е скапо!
Празниците се време за забава и поврзување со семејството. Освен на трпезата и уживање во разните вкусни јадења, ви предлагаме квалитетно време на друг начин. Побаравме низ интернетот убави, лесни и креативни решенија за домашни новогодишни украси и ова баш ни се допадна.
Што е потребно за реализација на оваа идеја?
Набавете пластични цевки или планирајте 40, 50 или 60 цевки за правење на еден украс. Потоа ви треба пластична стега во вид на лента (на видеото може да видите точно за каква станува збор, а ја има во продавниците за домаќински алати и е лесно достапна), спреј со боја по желба, а за најдобар ефект предлагаме сребрен или златен, и пробајте.
Како да направите вакви домашни новогодишни украси од цевки?
- Земете ги цевките во едната рака. Со помош на другата поделете ги на половина и свртете ги обратно, за делот кој се истегнува да биде на другиот крај од првата половина.
- Со помош на стегата убаво притиснете, така што ќе се добие форма на ѕвезда.
- Издолжете ги ребрастите делови на сите цевки.
- Во добро вентилирана средина, а најдобро надвор, обојте ги со спреј по желба.
- Откако се исушат, спремни се да ја декорираат елката или било кој дел од домот.
Се надеваме ќе уживате во активноста со вашите сакани, а за полесно да разберете, предлагаме да го погледнете видео упатството.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 лесни новогодишни декорации со видео упатство.