Уринарни инфекции мала

Д-р Нела Деспотовска советува: Д-Манозата може да биде ефикасна како и антибиотиците во третман на уринарните инфекции

Уринарните инфекции знаат да бидат непријатни, а голем број од жените често се соочуваат со овој проблем! Дополнително состојбата се влошува кога истите се повторуваат, а отпорноста на антибиотиците се намалува. Дали природниот шеќер Д-маноза може да биде ефикасен како и антибиотиците во третман на уринарните инфекции? – Продолжи со читање и дознај ги препораките од Д-р Нела Деспотовска. 

Што е Д-маноза? 

D-Mannose е вид на едноставен шеќер по хемискиот состав сличен на глукозата, која се добива од природните сокови на одредени видови овошја, растенија и габи. Делува на таков начин што ги привлекува бактериите и спречува да се залепат на ѕидовите на уринарниот тракт. Кога бактериите ќе се залепат на ѕидовите на уринарниот тракт, се шират и предизвикуваат проблеми. При земањето на Д-маноза, бактериите се лепат на едноставната молекула на шеќер и потоа се исфрлаат од организмот со мокрењето.

Уринарни инфекции и Д-маноза

Што велат истражувањата на оваа тема? Дали Д-манозата е ефикасна како и антибиотиците?

Неколку клинички студии покажале дека Д-манозата е ефикасна во превенцијата на повторувачки уринарни инфекции. Затоа кај лицата кои често имаат проблем со УИ се препорачува да се користи Д-маноза. 

Друга студија во која била опфатена женската популација со акутен циститис, покажала дека третманот со Д-маноза дава висока стапка на успех во лекувањето. Досегашните истражувања покажуваат дека Д-манозата може да се користи како алтернатива на антибиотиците, кога станува збор за третман на акутни некомплицирани уринарни инфекции кај жените.

Дали Д-манозата може да се зема заедно со антибиотици?

Да, Д-манозата е природен шеќер и може да помогне во побрзо надминување на проблемот. Ако вашиот лекар препорачал да се земаат антибиотици, дополнително може да користите и Д-маноза

Ја препорачуваме D-mannose од Now Foods, која е апсолутно безопасна и може да ја користат бремени жени, деца и дијабетичари. Чистата D-Mannose од NOW FOODS е добиена од не-ГМО пченка, бел и сладок компир, буково или брезово дрво. 

Како се користи Д-манозата?

Д-манозата се внесува во вид на капсули при што се зема 3 пати по 3 капсули (4.5 грама), 1 час пред јадење четири дена, а потоа се зема 3 пати по 1 капсула. Штом симптомите се намалат, како и за превенција на уринарни инфекции, се препорачува да се зема по една капсула дневно во текот на десет дена.

Д-маноза за уринарни инфекции

И за крај, искористи 30% попуст и нарачај Д-Маноза преку vitamini.mk. Попустот трае до потрошување на достапните количини. Нарачај и подобри си го здравјето.

Може да те интересира: Д-маноза – природно решение за повторувачки уринарни инфекции.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: