Д-р Нела Деспотовска советува: Антибиотици и пробиотици – што треба да знаете?

Периодов, бактериските инфекции земаат замав, па многу луѓе не се поштедени и се нападнати од лошите бактерии. По препорака на доктор, кога пациентот има бактериска инфекција, се дава терапија со антибиотици и пробиотици. Дополнително, пандемијата со COVID-19 ја влошува состојбата, го намалува имунитетот кај пациентите, а тоа доведува до дополнителни компликации и појава на бактериски инфекции. Зошто се потребни пробиотиците при терапија со антибиотик, дознаваме од разговорот со Д-р Нела Деспотовска.

Цревната микрофлора кај човекот ја сочинуваат добри бактерии кои му помагаат на организмот. Тие се познати како пробиотици и претставуваат примарна заштита од патогени бактерии. Оваа микрофлора често може да биде нарушена поради употребата на антибиотици. Токму поради тоа, постојано се зборува за пробиотиците и нивната важност при бактериски инфекции.

антибиотици и пробиотици

Антибиотиците не ги разликуваат штетните од добрите бактерии

Антибиотиците се користат во лечење на бактериски инфекции. Се земаат за уништување на лошите бактерии кои ги предизвикуваат инфекциите во организмот. Меѓутоа, антибиотиците не делуваат селективно. Тоа значи дека не ги разликуваат лошите од добрите бактерии кои нормално живеат во нашите црева. Токму поради тоа, во текот на терапијата со антибиотици доаѓа до нарушување на рамнотежата на цревната флора и се појавуваат бројни стомачни тегоби како дијареја, грчеви, надуеност, гадење и повраќање. Поради тоа, со секој антибиотик се препорачува и пробиотик.

Пиете антибиотици? – Пробиотиците земете ги 2 до 3 часа по антибиотикот 

Најголема грешка што ја прават пациентите е земањето на антибиотик и пробиотик во исто време. На тој начин не се постигнува никаков ефект од пробиотиците, а антибиотикот може да ги уништи и нив. За да се избегне уништување на добрите бактерии во пробиотикот, се советува истиот да се зема 2 до 3 часа после антибиотикот и со многу вода. Примената на пробиотици во текот на терапијата со антибиотици ги спречува несаканите ефекти како повраќање, дијареја и слично. Освен тоа, пробиотикот ја штити цревната флора и го враќа нејзиниот баланс. Се препорачува користење на пробиотици најмалку една недела по завршувањето на терапијата. Пробиотиците може да се најдат во храната или да се земат како суплементи.

Намирници кои се богат извор на пробиотици:

  • јогурт
  • кисела зелка
  • кефир
  • кисели краставички
  • меки сирења
  • сурутка.

Иако храна богата со пробиотици ја поддржува цревната микрофлора при употреба на антибиотик, добро е да се земаат суплементи во чиј состав се пробиотиците. Пробиотиците во вид на таблети или капсули имаат побрзо дејство и се наменети за секој кој прима антибиотици.

Изберете го најдобриот производ со пробиотици

Ја прашавме Д-р Нела Деспотовска кој производ што содржи пробиотици го препорачуваат. Таа ни одговори дека на пазарот може да се најдат различни додатоци во исхраната кои содржат пробиотици, а еден од нив е и Acidophilus 4×6 од NOW. Acidophilus 4×6 е создаден да обезбеди балансиран спектар на полезни бактерии најдени во човековиот интестинален тракт. Acidophilus 4×6 содржи 4 милијарди од 6 вида на пробиотици. Не содржи ГМО и глутен. Се препорачува да се зема 1 капсула еднаш до два пати дневно Acidophilus 4×6, помеѓу оброци или на празен стомак.

А, за најмалите се препорачува BerryDophilus Kids. BerryDophilus Kids претставуваат таблети за џвакање, а децата сигурно ќе ги обожаваат. NOW® BerryDophilus ™ обезбедува 2 милијарди од комбинација на 10 клинички потврдени пробиотски бактериски видови создадени за поддршка на гастроинтестиналното здравје и функцијата на здрав имунолошки систем. BerryDophilus ™ може да ги користат и возрасни и деца над 2 години. Се зема по 1 таблета еднаш до три пати на ден помеѓу оброци или на празен стомак. Засладен со ксилитол, BerryDophilus ™ нема да им наштети на забите и е со одличен вкус.

Нарачајте Acidophilus 4×6 и BerryDophilus Kids преку онлајн продавницата на Тримекс или набавете си ги од поголемите аптеки ширум земјава.

Ако имате прашања за Д-р Нела Деспотовска, пишете ни на info@sezahrana.mk. Ние ќе ја контактираме и ќе ви одговориме на прашањата.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Што треба да знаете при изборот на пробиотици?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: