Менталното здравје е важно за квалитетен живот

Д-р Нела Деспотовска советува: Менталното здравје е важно за квалитетен живот

Во последните години, менталното здравје станува главна тема за разговор во позитивна насока и веќе светот не ги игнорира психичките промени, туку настојува да ги реши. Зошто е важно за квалитетен живот и како да си помогнеме за негово одржување и подобрување, разговаравме со Д-р Нела Деспотовска.

Сигурност, оптимизам, самопочит, прифаќање на себе си, вербата во она што го правиме, пронаоѓањето задоволство во активностите кои ги бираме, способноста за соочување со добрите и лошите работи во животот – се дел од нашата психичка способност и одраз на ментално здравје и опишуваат психички стабилна личност. Менталната сила на поединецот се препознава и преку нерасположение, незадоволство, депресија, песимизам, тешко поднесување на лошите ситуации, ниска самопочит и слично. Лицето кои ги има овие карактеристики има потреба од помош за зајакнување на неговото психичко здравје.

Менталното здравје е важно за квалитетен живот

Фактори кои влијаат на менталното здравје

Бројни фактори имаат влијание, а истите општо може да се поделат во две групи:

  • Надворешни фактори – средината во која живееме, друштвото, условите за живот, животниот стил, динамиката на работа и живот, дали лицето има трауматски искуства, злоупотреба, итн.
  • Внатрешни фактори – генетски предиспозиции за некоја ментална болест, генетската основа за структура на карактерот, ранливост на личноста и сл.

Квалитетот на животот зависи од психичкото здравје

Општата благосостојба и квалитетниот живот се во корелација со менталната стабилност. Психички стабилна личност значи и добро општо здравје, квалитетен и исполнет живот. Личноста со добро ментално здравје е задоволна, позитивна, спремна за извршување на дневните активности и работните задачи, води грижа за себе, гради добри односи со другите и може да се носи со предизвиците, случувањата и стресовите во секојдневниот живот. Лицата кои се негативни, потешко се носат со животните предизвици, не издвојуваат време за себе, повлечени се и не градат нови пријателства имаат тенденција кон помалку квалитетен живот од другите како последица на помала ментална стабилност.

Стручните лица се тука да ни помогнат

Со човечките психички процеси на пат кон ментална стабилност и здравје потребно е да се постапува внимателно и со многу знаење и вештини. За таа цел постојат стручни и обучени кадри. Советувачи, психолози, психијатри, психотерапевти се оние на кои може да им се обратиме кога ни е потребна помош и поддршка. Не плашете се да ја побарате кај нив!

И сами можеме да го подобриме менталното здравје

Прв и најважен чекор се оние избори кои ги правиме за зачувување на здравјето воопшто. Грижата за сопственото психичко здравје е еден вид одржување на ментална хигиена, како што тоа го правиме за телото. Малите работи кои ги правиме секојдневно значат многу за зачувување на менталната способност. Некои од тие чекори вклучуваат:

  • грижа за своите чувства, мисли, односи
  • здрави животни навики (здрава храна, физичка активност)
  • посветување време на себе си за опуштање и размислување
  • смеа и забава
  • препознавање на стрес, преоптовареност и потешкотии
  • квалитетни односи со другите
  • барање на стручна помош.

Постојат додатоци во исхраната кои се од корист за подобрување на психичкото здравје

Како дополнителна помош, од голема корист за унапредување на менталното здравје се и додатоците во исхраната. Од нив, топло ги препорачуваме производите на Тримекс:

  • GABA (гама аминобутерна киселина). NOW GABA e непротеинска аминокиселина која функционира како невротрансмитер во човечкиот мозок. Природно се продуцира во организмот и нејзиното присуство во централниот нервен систем може да помогне во промовирање на релаксација и олеснување на нервната напнатост како и поддршка на невротрансмисијата. NOW GABA содржи и витамин Б6.
ментално здравје
  • L-Tryptophan. L-Tryptophan e есенцијална амино киселина што значи дека не е синтетизирана од организмот и мора да биде добиена од исхраната. L-Tryptophan го помага производството на серотонин и мелатонин, кои помагаат да се поддржи позитивно расположение, здрав сон и соодветна функција на имунолошкиот систем. Во метаболизмот учествува како градивен дел на протеините. Земањето на L-Tryptophan има позитивни ефекти против несоница, кај поблаги облици на депресија и при регулација на телесната маса.
  • Methyl Folate. Methyl Folate e биолошки активна, природна форма на фолат кој се користи за основните функции на организмот како нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери, ДНК и крвни клетки. Навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Освен што го поддржува менталното здравје, Methyl Folate помага при анемија, детоксикација на организмот и за подобро апсорбирање на витамин Б12.

Споменатите производи може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Истите се достапи и во поголемите аптеки низ земјава. Ако имате некои дополнителни прашања за д-р Нела Деспотовска во врска со оваа или друга тема, пишете ни на info@sezahrana.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Ашваганда за смирен ум ослободен од стрес и анксиозност.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: