проливи при патување 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Проливи при патувања кај децата – еве сѐ што треба да знаете!

Сакате да одите на патување, но сте загрижени дека можеби вашето дете ќе добие пролив? – Секогаш постојат ризици, но и начини како да се спречат. Ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска на оваа тема, а таа ни открива сѐ што треба да знаете за проливи при патувања кај децата.

Проливи при патувања кај децата се јавуваат за време на патувањето или до 10 дена после патување. Се јавува кога детето пие контаминирана вода, друг пијалак или јаде некоја храна. Таа храна или пијалок содржи бактерии, вируси или паразити. Водата од чешма, мразот или пијалаците кои не се добро затворени може да бидат контаминирани и да доведат до пролив, како и недоволно термички обработената храна.

проливи при патување 2

Што го зголемува ризикот детето да има пролив при патувањето? Кои се симптомите?

Постојат неколку причини поради кои детето е под поголем ризик кога е на патување, и тоа:

  • Патување во Јужна или Југоисточна Азија, Африка, Мексико, Централна или Јужна Америка.
  • Лекови кои ја зголемуваат желудочната киселина.
  • Состојби кои го намалуваат имунитетот, како ХИВ или сида.
  • Консумирање храна од улични продавачи
  • Планинарење или кампување.

Детето може да има 3 последователни епизоди на пролив кои тешко може да ги контролира. Детето исто така, може да чувствува грчеви и болки во стомакот, гадење или повраќање, подуеност, замор и треска.

Како да му помогнете на детето кога има пролив?

За да ги намалите проливите и да спречите дехидратација, еве што може да му дадете на детето за да му помогнете:

  • Давајте му многу течности. Ова ќе му помогне на детето да не дехидрира. Во овој случај, водата е најдобрата течност, но секако може да давате и природни чаеви. Ако имате бебе кое е на доење или адаптирана млечна формула, давајте му повеќе мајчино млеко или АД.
  • Дајте му орален раствор за рехидратација. Овој раствор содржи вода, сол и шеќер во количини потребни на телото за да ги надомести изгубените течности. Најпрво прашајте лекар како да го користите и колку детето смее да пие од растворот.
  • Дајте му храна која помага против пролив. Ориз, компир, леб, двопек, банана, и добро сварен зеленчук ќе му бидат добредојдени на стомачето на вашето детето и ќе помогнат да се спречи проливот. Давајте му помали и почести оброци и избегнувајте да му давате храна богата со масти и шеќери.

Дали има начини да се превенира настанувањето на проливи при патување?

Секако дека може да го намалите ризикот од пролив кај детето кога патува. За таа цел може да помогнат следниве совети:

  • Советувајте се дали може да му дадете некои лекови на детето или да го вакцинирате против некои бактерии и вируси пред патувањето.
  • Давајте му на детето зовриена или вода од шише, а исто и други пијалоци од шише.
  • Не му давајте недоволно термички обработена храна.
  • Потсетувајте го детето редовно да ги мие рацете, особено пред јадење.

Кога треба да се бара медицинска помош?

Во повеќето случаи, проливот врви само со повеќе течности, витамини, пробиотици и посебна исхрана. Но, постојат и потешки случаи и тогаш е потребна медицинска помош за ефикасно да се третира и надмине оваа состојба. Консултација со лекар е потребна ако детето:

  • Има сува и ладна кожа
  • Има честа стомачна болка
  • Има крв во столицата
  • Уринира помалку од вообичаеното или има темно жолта урина
  • Не полни пелени повеќе од 6 до 8 часа
  • Не може да пие течности
  • Плачи без солзи
  • Е омалаксано
  • Има температура над 38.5
  • Има сува уста
  • Е збунето
  • Нема подобрување и при третман.

Совет плус како да му помогнете на детето

Наша најтопла препорака за подобрување на состојбата и намалување на проливите при патување е NOW® BerryDophilus. NOW® BerryDophilus ™ обезбедува 2 милијарди CFU од комбинација на 10 клинички потврдени пробиотски бактериски видови создадени за поддршка на гастроинтестиналното здравје и функцијата на здрав имунолошки систем. BerryDophilus ™ може да ги користат и возрасни и деца. Засладен со ксилитол, BerryDophilus ™ нема да им наштети на забите и е со одличен вкус.

проливи при патување кај децата

NOW® BerryDophilus може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна, а може да го набавите и од поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 намирници за силен имунитет кај децата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: