Д-р Нела Деспотовска советува: Симптоми на егзема и начини на третирање

Забележавте чешање, црвенило, кожа која се лупи? Се мачкате со што ќе стигнете и никаков ефект? – Добро проучете ги симптомите кои ги имате, за да откриете дали станува збор за егзема. За полесно, прочитајте ги советите на Д-р Нела Деспотовска и дознајте ги најчестите симптоми на егзема и како да ја третирате.

Егземата, или атописки дерматитис, е честа појава на кожата проследена со чешање и воспаление. Најзабележана е кај бебињата и малите деца, а може да се јави и кај поголеми деца, тинејџери и возрасни лица. Постојат повеќе симптоми, причини и начини на третирање на егземата, затоа нема потреба да се плашите ако ја забележите на вашата кожа.

симптоми на егзема 2

Симптоми на егзема

Главните симптоми се чешање, разранета, сува, груба, воспалена, иритирана и кожа која се лупи. Може да се појави било каде на телото, а најчеста е на рацете, внатрешниот дел на лактите, задниот дел од колената и на главата.

Други симптоми кои укажуваат на егзема се:

  • интензивно чешање
  • црвени или кафеавкасто-сиви ранички
  • мали испакнатини кои испуштаат течност кога ќе се изгребат
  • задебелена кожа која се лупи.

Што ја предизвикува егземата?

Причините за појава на егзема не се целосно јасни и познати. Се верува дека ја предизвикува премногу активен (хиперактивен) имунолошки систем кој реагира агресивно кога е изложен на разни надразнувачи на кожата. Понекогаш може да се појави како резултат на абнормален одговор на протеините кои се дел од телото. Нормално, имунолошкиот систем ги напаѓа само протеините на напаѓачите (бактерии и вируси). Но, кога ќе ја изгуби таа способност, настанува инфламација.

Покрај тоа, причинителни на егзема може да бидат и хемикалиите присутни во средствата на чистење и детергентите, груби материјали како волна, синтетички влакна, стрес, потење, алергии на храна, инфекции на горниот респораторен тракт, зголемена телесна температура и т.н.

Начини на третирање на егзема

Дерматолог, алерголог или општ лекар се лицата кои може да ја идентификуваат егземата и да воспостават нејзин прaвилен третман. Често, најкорисно е да се комбинира повеќе од еден третман. За одредување на начинот на третирање консултирајте се со лекар. Не започнувајте со терапии на своја рака. Еве што може да помогне:

Лекови

Антихистамините го намалуваат чешањето така што го блокираат хистаминот, супстанца која предизвикува алергиски реакции. Стероидните кремови и масти може да го олеснат чешањето и лупењето на кожата. Во некои случаи, лекарот може да препише и орални кортикостероиди. За третирање на инфекција, лекарот може да препише и локален или орален антибиотик. Имуносупресорите се лекови кои спречуваат претерана реакција на имунолошкиот систем и на тој начин превенираат појава на егзема. Сите овие лекови имаат несакани ефекти при подолга употреба.

Фототерапија

Терапијата со светлина користи ултравиолетова светлина за спречување на имуниот одговор кој предизвикуваа егзема. Потребна е низа на третмани за нејзино намалување или спречување. Исто така, превенира и бактериски инфекции на кожата.

Промени во животниот стил и алтернативно третирање

Стресот често знае да биде причина за појава и влошување на симптомите. Стресот може да се намали со помош на вежби за дишење, јога, медитација, слушање на релаксирачка музика, добар ноќен сон, 15-20 минути топла или млака бања и слично.

Алтернативниот начин вклучува користење на црн или зелен чај, кокос, сончогледово масло, акупунктура и ароматерапија.

Употреба на додатоци на исхраната

Додатоците на исхраната се исто така важни во третирањето на егземата, било дали се користат самостојно или во комбинација со друг начин на третирање. Додатоците кои се пожелни за ублажување на овој проблем се селен, пробиотици, рибино масло и витамин Д-3. Ние топло ги препорачуваме производите на Тримекс.

Selenium

Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Токму поради тоа што често е потребен дополнителен внес, го препорачуваме Selenium од NOW. NOW Selenium учествува во апсорпција на слободните радикали. Умерените дози на селен го инхибираат производството на хистамин, што доведува до намалување на алергиите. Селенот е пожелно да се зема за одржување на здрава кожа без егзема.

Acidophilus 4×6

Пробиотиците се важни за правилно варење на храната, воспоставување на баланс на микрофлората во цревата и со тоа одржуање на целокупното здравје. Освен тоа, помагаат и во третирањето на егземата, особено кога се препишани антибиотици. Ги има во ферментираната храна, но при одредени состојби таа не може да ги задоволни потребите, па потребно е да се внесат како додаток на исхраната. Наш избор е Acidophilus 4×6. Acidophilus 4×6 од NOW е создаден да обезбеди балансиран спектар на полезни бактерии најдени во човековиот интестинален тракт. Во составот содржи 4 милијарди од 6 вида на пробиотици.

Витамин Д-3

Витаминот Д нашиот организам најмногу го добива од сонцето, а помалку од храната. Во телото се претвора во витамин Д-3 и човекот го користи како таков. Бидејќи има периоди кога изложеноста на сонце е намалена, потребен е негов дополнителен внес. За максимално искористување на витаминот Д-3, најдобар избор е Vitamin D-3 на NOW. Од Тримекс имаат течен витамин Д-3 со 400 ИЕ во 4 капки и меки капсули од 1000 и 10 000 ИЕ. Дополнителниот внес на витамин Д-3 се препорачува за заштита на кожата, при подолг престој во затворен простор, како и употреба на лекови.

витамин Д-3 10 000

Сите горенаведени производи може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна, а истите ги има и во повеќето аптеки низ земјава.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Сакате здрава кожа без егзема на рацете? – Преземете мерки!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: