Се прашувате кои витамини ви се потребни за да изгледате помладо и што може да ви помогне во борбата со брчките? – Во текстот кој го подготвивме, ќе прочитате која е тајната на вечната младост, која храна и суплементи се препорачуваат за убава и сјајна кожа, коса и тело. На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс.
Со векови наназад, луѓето, а особено жените се стремеле кон убавината и сакале да изгледаат млади што е можно подолго. Затоа постојано барале нови начини како да ја задржат младоста и да го забават стареењето. Во минатото се користеле разни таблети, напивки, серуми и други производи со низок квалитет и непознат состав. Денес, акцентот се става на суплементите на природна основа за кои е докажано дека помагаат во борбата со стареењето.

Придобивките од консумацијата на храна и суплементи против стареење вклучуваат:
- Намалени болки во зглобовите
- Намалена загуба на мускулна маса
- Го подобруваат видот
- Ја зголемуваат еластичноста и ја мазнат кожата
- Ги зајакнуваат коските
- Го подобруваат здравјето на срцето
- Подобрена функција на имуниот систем
- Зголемена енергија.
За добар вид и силно срце консумирајте храна и суплементи со Омега 3 масни киселини
Дневниот днес на омега 3 масните киселини е клучен за здравјето и забавување на стареењето. Најпознати се како чувари на здравјето на срцето, но исто така и помагаат во забавувањето на стареењето. Во една студија се вели дека доволниот внес на омега 3 во исхраната може да биде поврзан со помал ризик од макуларна дегенерација поврзана со стареењето, една од главните причини за намалување на видот кај постарите. Истражувањата велат дека поголемиот внес на омега 3 масни киселини е поврзан со намален ризик во проблеми со помнењето и деменција. Омега 3 ја намалуваат болката во зглобовите, ги зајакнуваат коските и придонесуваат за поквалитетен сон. Извори од храната со омега 3 се лененото семе и масло, морска риба – особено лосос и сардини, и ореви.
Ако веќе одлучивте да се подмладите со масни киселини, тогаш ви ја препорачуваме Оmega-3 на NOW. Оmega-3 е есенцијална масна киселина неопходна за целокупното здравје и за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Наречена е есенцијална бидејќи организмот не може да ја создаде самиот и мора да се добие од храната или додатоците во исхрана.

Коензимот Q10 е сојузник на убавата кожа без брчки
Коензим Q10 (CoQ10) e антиоксиданс кој природно се наоѓа во храната, а е достапен и како суплемент. Неговата улога е производство на енергија во клетките. Земањето на CoQ10 како суплемент е едноставен начин како да се искористат придобивките од овој антиоксиданс во борба со стареењето. Доволниот внес на NOW CoQ10 ја штити кожата, ги намалува брчките и оштетувањата на лицето предизвикани од сонцето. Има централна улога во производство на клеточна енергија. Нашето тело по природен пат го создава овој антиоксиданс кој особено е концентриран во срцето, црниот дроб и бубрезите, но неговото производство се намалува со возраста.

Извори на коензим Q10 од храната
CoQ10 природно се наоѓа во намирниците кои се користат во исхраната. Во храната е присутен во:
- риба
- месо и пилешко месо од слободно огледани животни, хранети со трева
- црн дроб и бубрези
- јајца
- млечни производи
- грав
- јаткасти плодови
- никулци на житарки.
Прехранбениот внес на CoQ10 е околу 2 до 5 mg дневно, што значи дека изворите на исхрана не обезбедуваат доволни количини. Затоа експертите препорачуваат суплеметација со CoQ10, особено кај постари лица и лица кои имаат здравствени проблеми кај кои CoQ10 има позитивни ефекти.
L-Carnosine е моќен антиоксиданс кој се смета за еликсир на младоста
Л-Карнозин е дипептид кој го сочинуваат две аминокиселини, хистидин и бета аланин. Количината на Л-Карнозинот во организмот е многу поголема во детството отколку во поодминати години. Природно се јавува во високи концентрации во кожата, мускулите и нервните ткива и неговите нивоа се намалуваат со годините. Се препорачува за:
- здраво стареење и заштита на клетките
- заштита на мозокот, срцето и мускулите
- тој е моќен антиоксиданс и ги елиминира слободните радикали.
Важноста на Карнозинот за зачувување на младоста
Последните години зголемен е интересот за својствата на Карнозинот, кој се смета за супстанца на долговечноста и се препорачува за сите возрасти, посебно за луѓе над 40 години. Научните истражувања покажаа дека Карнозинот има неверојатна способност да ги подмлади клетките, да ги врати нивните карактеристики и да им го продолжи животот. Повеќе информации за L-Carnosine прочитајте на trimeks.com.mk, од каде што може и да го нарачате.
BioAstin – еден од најмоќните антиоксиданси кој делува заштитно на кожата
Природниот астаксантин BioAstin е додаток во исхраната со моќни антиоксидантни придобивки кој спаѓа во групата на каротеноиди. BioAstinot се препорачува да се користи во топлите месеци за заштита на кожата од штетното влијание на УВ зраците. Доволна е 1 капсула BioAstin на ден, која може да се зема наутро со појадок или пијалак кој содржи масти. BioAstin-от се препорачува и за лица кои страдаат од егзема. Служи како внатрешен додаток за убавина кој ви дава убав, здрав сјај и ја прави кожата да изгледа помлада и поубава.
Придобивките од внесот на BioAstin како додаток во исхраната се следни:
- придонесува за нормална мукозна мембрана (слузница)
- придонесува за нормален метаболизам на железото
- придонесува за одржување на нормална кожа
- придонесува за одржување на нормален вид
- придонесува за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
- има улога во процесот на специјализација на клетките
- придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
А, кога станува збор за суплементи, наш избор секогаш е Тримекс. Нивните производи може да ги најдете на онлајн продавницата и да ги нарачате од таму со бесплатна достава, или пак да ги најдете во добро снабдените аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: CoQ10 е чувар на срцето и младоста.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.