Пневмонијата е воспалителна состојба предизвикана од вирусна, габична или бактериска инфекција која стигнува дури до алвеолите на белите дробови. Алвеолите се ситни воздушни кесички во белите дробови кои за време на воспалението се полнат со течност или гној, што доведува до тешко или болно дишење. Одредени лесно применливи методи во домашни услови, може да помогнат во ублажувањето на симптомите на пневмонија и да го забрзаат процесот на закрепнување.
Лесен случај на пневмонија поминува за една или две недели, додека посериозните состојби бараат подолг третман. За успешно лекување на пневмонијата, покрај терапијата препишана од вашиот лекар, потребен ви е што повеќе одмор и сон. Пијте топли пијалоци за да го одржувате телото хидрирано. Јадете повеќе помали хранливи оброци за да ја одржите способноста на вашиот имунолошки систем да се бори против воспалението. Во продолжение ви откриваме кои природни лекови ги ублажуваат непријатните симптоми на пневмонија.

Најчестите симптоми на пневмонија вклучуваат:
- кашлица
- зголемена слуз во белите дробови
- останување без здив
- болка во градите при дишење или кашлање
- висока температура
- болки во мускулите
- главоболка.
Ако симптомите се во почетна фаза или фазата на опоравување е во тек, следните природни лекови и методи може да ви бидат од голема корист:
Лукот како природен антибиотик
Поради своето силно антибиотско дејство, лукот е најдобриот природен „лек“ против пневмонија. Содржи соединение наречено алицин, кое има антибактериски својства кои помагаат во борбата против инфекциите. Овој домашен „лек“ е добар за борба против настинки, кашлица, астма и воспаленија. Може да се каже дека е природно средство за искашлување слуз од белите дробови, бронхиите и грлото.
Гаргара со солена вода
Слузта во грлото и градите може да предизвика зголемено кашлање и иритација. А топлата солена вода помага да се отстранат бактериите и слузта од грлото.
Чаеви
Лековитите растенија како што се нане и еукалиптус се природна помош за пневмонија, бидејќи имаат благотворно дејство на грлото при инфекции на горниот респираторен тракт. Помагаат во разградувањето на слузта и ја ублажуваат болката и воспалението предизвикано од пневмонија.
Облоги од сало за ублажување на болката
Во народната медицина, свинската маст е многу ценета и се користи како природен „лек“ за пневмонија кај возрасни и деца. Облогите со сало се одлични против болки и го олеснуваат искашлувањето.
Облоги со млака вода за да ја намалите температурата
Овој едноставен метод помага при ладење на телото во случај на висока температура. Не користете многу ладна облога бидејќи ненадејната промена на температурата може да предизвика морници.
Имунитетот има исклучително важна улога, одржувајте го силен
Еве корисни линкови кои можат да ви помогнат да се информирате подетално за подобро здравје:
- Витамин Д неопходен за силен имунитет во ладните месеци
- Силен имунитет, основа за добро здравје – природни начини прв избор
- Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.
Додатоците во исхраната помагаат за полесно справување и побрзо оздравување
Ако знаете кои додатоци и како да ги применувате, веќе сте на добар пат кон полесно зачувување и одржување на здравјето. А, знаете дека ние постојано истражуваме и се консултираме со Д-р Нела Деспотовска за да можеме да го издвоиме и препорачаме најдоброто, па во продолжение ви ставаме листа на посебно корисни додатоци во случај на респираторни проблеми и краток опис за секој од нив:
- N-Acetyl Cysteine (NAC). Најголемата и најважна улога на N-Acetyl Cysteine е борбата против респираторните инфекции. N-Acetyl Cysteine е стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Ја елиминира слузта од респираторните органи, што е особено значајно како негова карактеристика, затоа што на тој начин се намалува кашлањето. Пушачите се група која најчесто страда од хроничен бронхитис, па нив особено им се препорачува употреба на NAC како додаток на исхраната, заради што токму тие може да имаат голема корист од овој антиоксиданс, кој покрај другото, ги елиминира бактериите во белите дробови. NAC е аминокиселина која содржи сулфур која делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. NAC штити од слободни радикали и помага во одржување на клеточното здравје.

- За поддршка на функцијата на имунолошкиот систем како ефективен и достапен на нашиот пазар го препорачуваме Quercetin with Bromelain од Now. Кварцетинот е природен чистач на слободните радикали и поддржува здрава сезонска функција на имунолошкиот систем и помaга во одржување на нормалната респираторна функција. Додатокот Quercetin with Bromelain од Now го поддржува здравјето на дишните патишта во текот на целата година и е вегански производ, без ГМО. Ако ви треба, можете да го нарачате преку онлјан продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна.
- Витамин Д. Наша препорака се NOW® Vitamin D-3 (100 меки капсули кои го обезбедуваат овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор) или Vitamin D-3 High Potency 10000 IU (120 меки капсули со висок потенцијал на искористливост). Истите може да ги набавите од сите поголеми аптеки или да ги нарачате на онлајн страницата на Тримекс со бесплатна достава.
- Super Omega 3-6-9 1200 mg. Super Omega 3-6-9 е мешавина на риба, лисичинка и масло од ленено семе. Оваа комбинација на добро познати хранливи масла има уникатен баланс на омега-3 и омега-6 есенцијални масни киселини, плус Омега-9, не-есенцијална, но корисна масна киселина. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи. Super Omega 3-6-9 не содржи холестерол и е препорачан за поткрепување на оргаанизмот при респираторни заболувања.

- AlphaSorb-C од NOW Foods е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц. Исто е достапен во сите подобро снабдени аптеки и онлајн во продавницата на Тримекс.
- Ако често заболувате и имате паднат имунитет, консумирајте BioAstin. Овој екстремно моќен каротеноид нуди супериорна заштита и помага да се нормализира одговорот на имуниот систем на воспалението. Истражувањата кои се објавени во The Journal of Nutrition and Metabolism покажуваат дека овој моќен антиоксиданс може да го намали оксидативниот стрес, воспалението и да го зајакне имуниот систем. Може да го набавите од поголемите аптеки ширум земјата или преку веб продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Повеќе за придобивките прочитајте од текстот: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.
Повеќе информации за гореспоменатите производи може да прочитате на веб страницата на Тримекс од каде што може и да ги нарачате со бесплатна достава, а достапни се и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс и Д-р Нела Деспотовска на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Совети плус:
- Одржувањето на воздухот влажен го олеснува дишењето и за децата и за возрасните, а истовремено помага и за ублажување на иритацијата во белите дробови. За тоа можете да користите дифузер или парна бања. А додавањето на есенцијално масло од нане, жалфија, чајно дрво, лаванда или еукалиптус го дезинфицира респираторниот тракт, го олеснува дишењето, го смирува телото и го прочистува воздухот.
- Важно: Секогаш имајте предвид да се советувате со вашиот лекар за фактичката состојба. Нашите препораки не се замена за терапија од доктор, туку се поддршка за вашето здравје и како такви треба да се применуваат.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници кои ја олеснуваат кашлицата.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.