Здраво срце и крвни садови 1

Д-р Нела советува: Здраво срце и крвни садови гарантираат долг животен век

И покрај сите препораки од стручњаците, како на светско, така и на домашно ниво, бројот на заболени од кардиоваскуларни заболувања, од ден на ден расте. Во продолжение разработуваме нешто повеќе во склоп на оваа тема, како за ризик факторите, така и за начините на кои истите може да ги намалите. Препорачуваме да прочитате и да се потсетите што е добро да се прави за здраво срце и крвни садови кои гарантираат долг животен век.

Она што е позитивно кога се во прашање кардиоваскуларните заболувања, е фактот дека се познати ризик факторите кои ги зголемуваат шансите за нивна појава. Од тоа може да заклучиме дека превенцијата е најважна како нешто основно и првично за секој од нас. Тоа подразбира воведување на промени во животниот стил, како и применување на нови животни навики, во насока на спречувањето на овие заболувања, зачувување и одржување на здравјето.

Здраво срце и крвни садови 2

Срцето е т.н. човеков мотор и неговото правилно функционирање е од витално значење за организмот. Неговата нега, поттикнувањето и одржувањето на здравиот срцев ритам е примарна задача на секој од нас. А, овој факт станува посебно важен со текот на годините, затоа што со природниот процес на стареење, организмот се истрошува и појавува одредени „дефекти“. Континуираната едукација, примената на здрави навики и соодветна суплементација, тука добиваат и тоа како голема важност. Токму затоа, прво ќе ги спомнеме ризиците, а потоа ќе споделиме неколку корисни препораки.

Главни ризик фактори за појава на срцеви заболувања се:

  • покачен крвен притисок
  • пушење
  • дијабетес
  • покачен холестерол
  • дебелина.

Секој од нас би рекол, да познато ми е. Но, дали обрнуваме доволно внимание на овие едноставни, но толку важни нешта? – Откако се потсетивме на потенцијалните причинители на срцеви и кардиоваскуларни проблеми, она што е побитно е како да ја спречиме нивната појава.

Па, на кој начин може да се намали ризикот од појава на срцеви заболувања? – Решението е едноставно, само работете на елиминирање на ризик факторите. Еве какви мали, но важни промени ни советува да применуваме Д-р Нела Деспотовска од  Тримекс.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: CoQ10 е чувар на срцето и младоста.

Како да го елиминирате ризик факторот покачен крвен притисок?

Еден од најефикасните начини за намалување на крвниот притисок по природен пат е секако физичката активност, односно редовното вежбање. Доколку не сте спортски тип важно е да не седите и да бидете што е можно повеќе подвижни. Може да шетате, да возите велосипед или пак едноставно да си играте со децата. Кога е во прашање исхраната на прво место треба да се исфрлат намирниците кои содржат големи количини на натриум и да ја намалите консумацијата на сол на дневно ниво.

Како да го елиминирате ризик факторот пушење?

Во овој случај единствениот или најдобар совет, е да се остави пушењето еднаш за секогаш. Доколку со години сте страсен пушач, за почеток намалете ја дневната количина на цигари. Така со тек на време ќе ги намалите на минимум, а на крај и целосно ќе ги оставите. Кога станува збор за оваа навика, волјата ви е најсилно „оружје“.

Како да го елиминирате ризик факторот дијабетес?

Кога е во прашање дијабетесот, здравата исхрана и редовната физичка активност се она што мора да го почитувате. Губењето на 2-7 % од телесната тежина и минимум 30 минути умерена физичка активност може да направи многу, без воопшто да ви е напорно. Може на пример на работа да одите со велосипед или пешки, наместо со автомобил. А, што се однесува до исхраната, промените кои ќе ви донесат позитивни резултати се многу едноставни. За почеток исфрлете ги сите производи од бело брашно и заменете ги со интегрални житарици, а консумацијата на слатка храна намалете ја на минимално ниво.

Како да го елиминирате ризик факторот покачен холестерол?

За почеток проверете го нивото на холестерол во крвта, а потоа посоветувајте се со вашиот лекар за да видите во што е проблемот. Како и за претходните ризик фактори, така и за покачениот холестерол треба редовно да се вежба и да се консумира што повеќе храна која е свежа, сурова, немасна и непреработена.

Како да го елиминирате ризик факторот дебелина?

За да го елиминирате овој фактор, се што треба да направите е да ја намалите телесната тежина, а тоа ќе го постигнете на сличен начин како и за претходните ризици. Само со физичка активност и здрава начин на исхрана, ќе може правилно и трајно да ја намалите телесната тежина. За почеток започнете со избегнување на сите нездрави намирници во вашата исхрана. Јадете што помалку шеќери и бели печива, помалку заситени масти и животински производи во ограничени количини. За сметка на тоа, јадете многу зеленчук и овошје, варена и печено приготвена храна, наместо пржена, не вечерајте доцна и секако обемот на порциите нека биде умерен. Покрај тоа, започнете со вежбање и килограмите постепено ќе почнат да се топат, а здравјето ќе ви биде благодарно.

Какви суплементи се препорачуваат за здраво срце и крвни садови?

Има неколку суплементи кои може да се препорачаат. Тие се корисни, а за најдобро да може да го искористите нивното дејство и да бидете советувани за начинот на земање, во секој случај консултирајте се со својот лекар кој најдобро ви ја познава личната состојба на секој од вас. Еве на кои проверени суплементи може да сметате, а се достапни во аптеките кај нас и онлајн на веб страницата на Тримекс:

Ubiquinol CoQH-CF -Убикинолот е редуцирана и активна форма на Коензим Q10 (CoQ10). CoQ10 е присутен во секоја клетка од нашиот организам, со особено високи концентрации во срцето. Тој е основа за производство на енергија на митоходриите и дејствува како моќен, растворлив во масти, елиминатор на слободните радикали. NOW® Ubiquinol CoQH-CF ™ содржи d-Limonene со што природно се зголемува неговата растворливост и интестинална апсорпција, при што се создава производ со супериорна биолошка вредност.

Омега-3 масните киселини кои се важни за превенција и антивоспалителна заштита.

Коензимот NOW CoQ10 е додаток во исхраната со фармацевтски квалитет кој содржи само 100% природна форма на CoQ10 произведена со ферментација.

  • Анализиран за моќност и фармацевтски степен на чистина
  • Неопходен за продукција на клеточна енергија
  • Најдобро продаван бренд во САД
  • Вегетеријански/Веган производ, без ГМО.

Magnesium Citratе-от кој ја поддржува срцевата активност и спречува аритмии.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети, факти и превентивни насоки за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: