Совети, факти и превентивни насоки за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот систем 1

Совети, факти и превентивни насоки за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот систем

Има некои факти и неколку корисни информации кои е добро да ги знаеме ако сакаме да го зачуваме здравјето на кардиоваскуларниот систем. Без здраво срце и крвни садови, не би можеле да имаме нормален живот исполнет со разни активности и радости. Токму затоа, ја креиравме оваа содржина каде ви откриваме што дознавме од нашите истражувања, како и што се советува за подобро општо и кардиоваскуларно здравје.

Скоро 50% од смртноста во светот се должи на кардиоваскуларните заболувања (КВЗ). Сличен е случајот во Македонија, каде во последните години смртноста поради КВЗ изнесува скоро 60%. Но, важна информација и факт кој сите треба да го запаметиме е дека со здрав режим на исхрана, надополнет со уште неколку здрави навики, ризикот од КВЗ се намалува до 90%.

Совети, факти и превентивни насоки за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот систем 2

Нешто повеќе околу факторите и предиспозициите кои доведуваат до појава на КВЗ

Дебелината е еден од најзначајните претходници на кардиоваскуларните заболувања. Интересен факт: Предноста и користа од здравата храна, во нашето тело започнува да се појавува уште во првите 20 минути од консумацијата на првиот здрав залак.

Нездравиот животен стил и високиот крвен притисок се непријатели на срцето

Високиот крвен притисок ја зголемува опасноста и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и срцев удар, а добра вест е дека со неколку чекори, здрав начин на живот и исхрана, може да делувате превентивно. Најзначајни фактори кои предизвикуваат оштетувања на кардиоваскуларниот систем се:

  • прекумерна телесна маса
  • долготраен стрес
  • пушење
  • исхрана богата со заситени масти.

Тука како совет, мора да споменеме дека има неколку едноставни начини и намирници кои ќе ви помогнат да ги победите. Јадете помалку сол и црвено месо, пијте помалку кафе и алкохол, ослабете доколку имате вишок килограми, јадете помалку животински масти и многу важно трудете се да се ослободите од стресот што повеќе!

Атеросклерозата најчесто е болест на нездрави навики

Атеросклерозата уште се нарекува артериосклероза, а е состојба која вклучува стеснување на крвните садови. Обично се јавува кога лицето во подолг период практикува нездрава исхрана. Настанува кога мастите кои се акумулирани врз ѕидовите на артериските крвни садови се наталожиле во голема мера, па предизвикуваат опструкција, односно нивно стеснување. Таквото блокирањето на крвните садови ги зголемува причините за прекинувањето на работата на срцето, а покаченото ниво на холестерол во крвта, во најголема мера е предизвикано од нездрава исхрана, иако како значајни ризик фактори се возраста и стресот.

Која храна и додатоци во исхраната се препорачуваат?

Во контекст на темата, еве два наменски рецепти кои имаат за цел подобрување на здравјето и превенирање на срцеви заболувања:

И на крај, освен што е неопходно да имаме редовен режим на здрава исхрана и барем умерена физичка активност, во насока на превенција препорачливо е да се консумираат додатоци во исхраната. Ние истражувавме, како и се консултиравме со Д-р Нела и согласно со темата можеме да ви помогнеме со мисијата за зачувување на здравјето. Така, во насока на превенција од кардиоваскуларни заболувања и општо подобро здравје откривме дека при изборот на суплементи треба да внимаваме да се природни, проверени и фармацевтски чисти, без штетни материи, пестициди и тешки метали. Како такви ги откривме производите на Тримекс, од Now Foods, па ви препорачуваме и вие да го почувствувате на себе или на своите блиски корисното дејство на:

Овие производи може да ги најдете во аптеките или да ги купите онлајн на линкот. За подетални информации кликнете тука, јавете се на телефонот 02 32 46 000 или посетете ги поголемите аптеки каде може да ви дадат информации, а исто така и да го купите по потреба. Во секој случај, доколку сакате додатоците во исхраната да ги земате превентивно, препорачуваме да се консултирате со вашиот личен лекар, а потоа да започнете со употреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Исхрана за превенција од срцев удар.

*Комерцијален текст

Сподели: