Коензимот Q10 (CoQ10) е есенцијален елемент значаен за секојдневните функции на организмот, а е потребен за секоја клетка во телото. Најмногу е познат како антиоксиданс кој ги штити клетките од стареење, а често влегува и во состав на различни козметички средства. Но, CoQ10 се користи во медицината неколку декади, особено при третман на срцеви проблеми.
Коензимот Q10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Поради тоа се нарекува и убикинон (ubiquitus – секаде присутен). Коензимот Q10 е соединение кое има централна улога во производство на клеточната енергија.

Количината на CoQ10 се намалува со текот на годините
CoQ10 има во целото тело, но е особено концентриран во срцето, црниот дроб и бубрезите и откриено е дека производството се намалува со возраста. Иако телото произведува коензим Q10, тоа не е секогаш континуирано. Недостатокот на CoQ10 е најчесто поврзан со штетните ефекти од оксидативниот стрес (оштетување од слободните радикали).
Согласно истражувањата, кога снабдувањето со коензмот Q10 е ниско:
- клетките стануваат неефикасни и ранливи
- имунолошкиот систем слабее
- чувствителноста на одредени здравствени нарушувања се зголемува
- започнува процес на предвремено стареење
- срцето слабее
- се зголемува ризикот од појава на дијабетес, карцином и фибромијалгија.
Причини кои доведуваат до недостаток CoQ10 во организмот
Највисоки нивоа на CoQ10 се најдени во ткивата во организмот кои работат најнапорно: срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Со стареењето, едноличната исхрана, изложеноста на стрес, разни болести, земањето на некои лекови, организмот ја губи способноста за синтеза на потребните количини на CoQ10 и производство се смалува дури за 80%. Поради тоа има потреба за негово надополнување.
Извори на коензим Q10 од храната
CoQ10 природно се наоѓа во намирниците кои се користат во исхраната. Во храната е присутен во:
- риба
- месо и пилешко месо од слободно огледани животни, хранети со трева
- црн дроб и бубрези
- јајца
- млечни производи
- грав
- јаткасти плодови
- никулци на житарки.
Прехранбениот внес на CoQ10 е околу 2 до 5 mg дневно, што значи дека изворите на исхрана не обезбедуваат доволни количини. Затоа експертите препорачуваат суплеметација со CoQ10, особено кај постари лица и лица кои имаат здравствени проблеми кај кои CoQ10 има позитивни ефекти.
За кого се препорачуваат CoQ10 суплементи?
Согласно истражувањата на Орегон Универзитетот, природната синтеза на CoQ10, дополнета со внес на суплементи, обезбедува доволни количини на CoQ10, со што се превенира недостатокот кај здрави луѓе. Сепак треба да се има во предвид дека со годините, способноста на организмот да произведува CoQ10 се намалува.

Природната способност да се конвертира коензимот Q10 во неговата активна форма – убиквинол значително се намалува после 40-тата година. Намалувањето е особено забележано кај лица кои земаат лекови за намалување на холестеролот во крвта (статини). Исто така забележано дека е намалување на нивоата на CoQ10 кај лица со дијабетес, карцином и конгестивна срцева слабост.
Бидејќи е антиоксиданс кој е растворлив во масти, најдобро се абсорбира кога се консумира до мала количина на здрави масти (како витамин Е и А).
Кои суплементи со CoQ10 се достапни на нашиот пазар?
NOW CoQ10 е додаток во исхраната со фармацевтски квалитет кој содржи само 100% природна форма на CoQ10 произведена со ферментација.
- Анализиран за моќност и фармацевтски степен на чистина
- Неопходен за продукција на клеточна енергија
- Најдобро продаван бренд во САД
- Вегетеријански/Веган производ, без ГМО.
Важно: Доколку земате лекови за срце консултирајте го докторот. CoQ-10 го јакне срцевиот мускул и може да влијае на препишаната доза на лекови. Повеќе информации за употребата, начинот на дозирање на CoQ10 прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што можете да го набавите.
Ви предлагаме да прочитате: Совети, факти и превентивни насоки за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот систем.
*Комерцијален текст