Сте размислувале, читале или можеби знаете зошто е потребно да внесуваме селен? – Како и да е, ќе дознаете многу корисни информации, па препорачуваме да дочитате до крај повеќе за нашето истражување, како и за советите на Д-р Нела Деспотовска.
Селенот е микронутриент кој е откриен во 1817 година од познатиот шведски хемичар и лекар Џонс Јакоб Берцелиус, а неговата важност да биде дел од исхраната била покажана уште во 1958 година од Шварц и Фолц, кога со експерименти врз животни утврдиле дека селенот е неопходен за спречување на некроза на црниот дроб. Во последните 20-тина години пак, објавени се бројни научни трудови кои континуирано упатуваат на тоа дека селенот има клучна улога во одржувањето на имунолошката, ендокринолошката, метаболотичката и хомеостатската функција на клетките.

Селенот има заштитна улога во организмот
Селенот е минерал и важен антиоксиданс, кој во организмот се наоѓа во трагови. Во организмот е потребен за различни органи и тоа, за штитната жлезда, за црниот дроб, мускулите, бубрезите, како и за машките и женските полови жлезди. Биолошката улога на селенот, примарно се однесува на неговото вградување во протеините на телото. Тие се нарекуваат „селенопротеини“ (на пример глутатион пероксидаза), а имаат бројни функции во организмот, меѓу кои поглавни се антиоксидативните и противвоспалителните. Освен тоа, т.н селенопротеини играат улога во зачувувањето на функцијата на мозокот. Нивната недоволна количина се поврзува со Паркинсонова, Алцхајмерова болест или епилепсија.
Може да ве интересира: Селенот е минерал на долговечноста.
Глутатион пероксидазата е антиоксидативен ензим кој ги штити клетките од штетата на слободните радикали, кои пак се јавуваат како спореден производ од нормалниот метаболизам на кислородот. Поради ниска количина на селен во организмот, а висока на слободните радикали, се зголемува ризикот од појава на карцином, кардиоваскуларни и воспалителни болести, предвремено стареење и катаракта.
Селенот е неопходен не само за производство, туку и за регулација на најактивниот хормон на штитната жлезда – тријодтиронин. Штитната жлезда е најбогато ткиво со селен (0,2–2 mcg/g) и селенопротеини во организмот. Ова е важно за нормално и правилно одвивање на имуната функција на организмот.
Недостатокот на селен ја слабее отпорноста кон инфекциите. Тоа се должи на намалената функција на белите крвни клетки и работата на градната жлезда, додека дополнителен внес на селен, секако во препорачани количини и во консултација со вашиот лекар, го стимулира имуниот систем.
Постојат неколку сигнали кои укажуваат на недостаток на селен, а сите детали за нив може да ги прочитате тука.
Кои се прехранбени извори преку кои може да внесуваме селен?
Главни извори од намирниците се месото и месните преработки, риба и морски плодови, целозрнестите житарици, а дефинитивно највисока содржина на селен има во бразилските оревчиња (1 mg/kg).
За кого се препорачуваат суплементи со селен?
Дополнителна количина на селен се препорачува кај вегетаријанци, спортисти, луѓе кои се на ниско калорични диети, кај намален имунитет, лица кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на статини (лекови кои го намалуваат холестеролот), таблети за контрацепција, лаксативи, консумирање на тутун и алкохол.
Препорачани дневни дози на селен се следните:
- лица над 19 години – 55 микрограми
- трудници – 60 микрограми
- доилки – 70 микрограми.
Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Совет плус: Доколку планирате да земате суплементи на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.
Ви препорачуваме да прочитате: 4 сигнали кои посочуваат дека ви е потребен селен.