Во текот на зимата, појавата на настинки и грип е зачестена. А токму овој период сме сведоци на замавот кој го зазема грипот, особено по градинките и училиштата. Затоа, ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска, да ни даде одговор на неколку прашања кои се важни за нашето здравје. Со неа позборуваме на темата како да се заштитиме од грипот во зимскиот период, со кои симптоми се карактеризира, кои лица се под висок ризик и кои природни додатоци во исхраната се корисни за заштита во овој период, па еве повеќе корисни информации.
Грипот е акутно заболување на дишните патишта, кое е предизвикано од вирусите на инфлуенца тип А и Б. Карактеристично за грипот е тоа што се јавува во зголемен број или во епидемиска форма во текот на зимскиот период.
Како се пренесува грипот?
Ова заразно заболување се шири директно од човек на човек. Во главно се пренесува преку ситните капки кои ги исфрла заразениот човек при кашлање и кивање. Индиректниот начин на пренос на грипот е преку контакт со респираторни секрети од заболен човек, со кои се загадени неговите раце или околните површини кои ги допирал, како и предмети со кои се служел.
Периодот на инкубација, кога човекот е заразен и може да го пренесе заболувањето, иако нема симптоми, може да биде од 1 до 5 дена. Во најголем број на случаи, вирусот е присутен во носот и грлото, еден ден пред појавата, па се до 4-5 дена после појава на симптомите.

Може да ве интересира: Победете ги болките во грлото и заштитете се од настинки со 10 природни намирници.
Кои се најчестите симптоми при грип?
Обично симптомите се јавуваат ненадејно, а најчесто станува збор за:
- црвено и болно грло
- гребење во грлото
- кашлица која најчесто е сува, непродуктивна
- секреција од носот
- висока температура
- главоболка
- општа малаксаност
- истоштеност
- болки во мускулите и зглобовите.
Важно е да се знае дека не секој заболен мора да ги има сите набројани симптоми. Често пати се случува кај дел од заразените лица болеста да помине и без симптоми, или пак со благи симптоми на настинка.
За кои лица грипот претставува сериозно заболување?
Најголем број од заболените се опоравуваат за една недела од почетокот на болеста, без притоа да има потреба од никаков медицински третман (лекови). Особено ризични групи на население, кај кои мора да се посвети големо внимание при појава на грип се:
- доенчињата и помалите деца
- лица над 65 годишна возраст
- лицата кои боледуваат од белодробни, срцеви, малигни болести, дијабетес и други хронични заболувања како што се анемии, бубрежни и црнодробни болести, болести на метаболизмот, болести кои го нарушуваат имунитетот и слично.
Кај луѓето кои припаѓаат во некоја од погоренаведените групи, инфекцијата со вирусот на грип може да доведе до влошување на постоечката болест. Покрај тоа може да се појават бројни компликации од кои најчесто е воспаление на белите дробови. За жал, кај некои многу тешки случаи, грипот може да предизвика и смрт кај болниот. Затоа е важно, да не се занемаруваат симптомите и навремено да се посети матичниот лекар, веднаш по појавата на симптомите кои укажуваат на грип.
Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.
Како се лекува?
Лекувањето на грипот, исто како и на настинките е симптоматско. Тоа значи дека се лекуваат симптомите, а не самата болест. Се препорачува мирување, земање на повеќе течности – топли напитоци, лесна исхрана, витамини и минерали, а по препорака на доктор и во зависност од тежината на болеста, може да се дадат и одредени антивирусни лекови.
Антибиотска терапија се дава само во случај на секундарни бактериски инфекции кои го влошуваат текот и исходот на болеста, односно за лекување на компликациите од грипот, исклучиво по препорака на доктор.
Кои додатоци на исхраната се препорачуваат?
Она што можеме да го препорачаме со цел превенција и подобрување на симптомите при појава на грип е Oral Biotic. OralBiotic-от е природен пробиотик за заштита на ушите, носот и грлото. Тој ја зголемува отпорноста кон инфекциите со одржување на природна бактериска рамнотежа. Претставува единствен и комплетно нов концепт во исхраната кој содржи напреден пробиотик BLIS K12, за поддршка на здравјето и рамнотежата на микрофлората во устата, грлото и средното уво. BLIS K12 е природна добра бактерија која се наоѓа во устата и грлото и напреден пробиотик кој обезбедува природна заштита на имунолошкиот систем против воспаление на грлото, инфекции на увото и горните дишни патишта, што е особено важно за децата. Со своето ензимско делување ги спречува лошите бактерии и го штити организмот од инфекции, па е идеално природно средство за превенција на лицата кои работат и престојуваат во простории со многу луѓе.
Повеќе за OralBiotic може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да го набавите. Доколку сакате, може да го нарачате и директно на вашата адреса преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да го набавите од сите поголеми аптеки. А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за подетален одговор.
Ви препорачуваме да прочитате: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.