уринарни инфекции

Д-р Нела советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период

Семејни излети, зачестени прошетки со пријателите во природа, посета на туристички места, разладување во базени… сите овие забавни активности се знак дека дошло и летото. Но, друг знак на летото се непријатните уринарни инфекции, па токму на оваа тема поразговаравме со Д-р Нела.

Што претставуваат уринарните инфекции?

До овие инфекции доаѓа кога бактериите навлегуваат во уринарниот систем и се шират до мочниот меур, а во некои посериозни случаи и до бубрезите. Скоро половина од жените во својот живот, барем еднаш се соочиле со ваков тип на бактериска инфекција. И мажите може да се соочат со ваков тип на инфекција, меѓутоа кај нив оваа појава е ретка. Кај жените веројатноста да се здобијат со ваков тип на инфекција е поголема, поради тоа што кај нив уретрата е пократка и на тој начин бактериите може да навлезат полесно.

Друг фактор кој го зголемува ризикот од уринарни инфекции е разладувањето во базен, езеро или море, затоа што често сме во водени костими за капење, а влажната облека креира средина во која може да се поттикне растот на бактериите.

уринарни инфекции

Кои се симптомите кои се јавуваат при уринарни инфекции?

Типични симптоми на уринарна инфекција се:

  • пецкање при мокрење
  • често мокрење
  • болка во долниот дел на стомакот
  • миризлива, матна урина.

Што се препорачува за да се намали ризикот од уринарни инфекции во лето?

Еве неколку наши препораки:

Консумирајте храна богата со добри бактерии – пробиотици

Постојат одредени пробиотици кои го поддржуваат здравјето на уринарниот тракт, меѓу кои Lactobacillus acidophilus и Lactobacillus rhamnosus, кои се ефективни при одржување на добрата микрофлора во желудникот, но и онаа на уринарниот систем.

Брусницата е моќна во третман на уринарните инфекции

Многу ефикасна природна помош при воспаление на уринарниот тракт претставува брусницата. Плодовите содржат проантоцијанидини кои го попречуваат врзувањето на уропатогените бактерии (особено E. coli) во ткивото на мочниот меур и уретрата. Тие делуваат за промена на обликот на површината на бактериите и ги спречуваат да се поврзани со ткивото на уринарниот тракт. Така, бактеријата плови слободно и со урината се исфрла од телото. Исто така се препорачува да се пие доволно вода, околу 2 литри на ден.

Брусницата е ефикасно средство во борбата против:

  • најчестата, најтврдокорна и најнезгодна бактерија Е. colli
  • бактеријата Helicobacter pylori
  • габите на кандида.

Во врска со сокот од брусница, најголемиот проблем е тоа што соковите често се преполни со шеќери, па не е препорачливо да се пијат затоа што шеќерот ќе предизвика зголемено размножување на штетните бактерии во уринарниот тракт, а со тоа ќе ги влоши и симптомите на инфекцијата.

За подобро уринарно здравје ви препорачуваме Cranberry Caps. Cranberry Caps е концентрат од брусница од водечката фирма за суплементи на природна основа NOW FOODS и е најмоќна достапна брусница на пазарот со максимална концентрација на брусница во својот состав – 700 mg (8:1) што е еднакво на 5600 mg свежа брусница. Овој додаток во исхраната може да се најде во поголемите аптеки, да се порача преку онлајн продавницата на Тримекс или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Повеќе информации за Cranberry Caps, начинот на употреба и дозирање, прочитајте тука.

уринарни инфекции

Носете памучна долна облека

Памукот е материјал во кој кожата лесно дише. Во другите типови на долна облека во лето може да се создаде влажна средина во која бактериите се размножуваат. Многу е важно уретрата да се одржува сува со цел да се заштитите од ваквата инфекција.

Пијте многу вода

Кога сме дехидрирани, не уринираме толку често, па така не ги исфрламе штетните бактерии од нашиот систем. Затоа на лето се препорачува почесто консумирање на течности, со посебен акцент на водата.

Д-Маноза за успешно надминување на уринарните инфекции

Исто така, речиси непозната кај нас, Д-манозата е производ број 1 за третман на уринарни инфекции во светот. Доколку страдате од чести инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур, пиете антибиотици, но инфекциите се повторуваат, а увинот чај не помага, тогаш Д-манозата може да биде вистинското решение за вас.

Д-манозата не ги убива бактериите – ниту добрите ниту лошите. Делува на таков начин што ја привлекува бактеријата E.coli и спречува да се залепи на ѕидовите на уринарниот тракт. Кога E. coli ќе се залепи на ѕидовите на уринарниот тракт, се шири и предизвикува проблеми. При земањето на Д-маноза, бактериите се лепат на едноставната молекула на шеќер и потоа се исфрлаат од организмот со мокрењето.

Повеќе за Д-маноза може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да го набавите. Доколку сакате, може да го нарачате и директно на вашата адреса преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да го набавите од сите поголеми аптеки. А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за подетален одговор.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

*Комерцијален текст

Сподели: