Д-р Нела советува: Ушните инфекции се чести во лето, особено кај децата

Ушните инфекции почесто се јавуваат во лето, а причините за тоа се временските услови, вклучувајќи ја влажноста на воздухот и топлината, како и посетата на базени, езера и мориња. Генерално, непријатните ушни инфекции се втората најчеста причина за посета на педијатар. На оваа тема поразговаравме до Д-р Нела Деспотовска која ни даде подетално објаснување за причините, третманот и превенцијата на ушните инфекции.   

Типови на ушни инфекции

Ушните инфекции може да се поделат на два различни типа. Зимските инфекции се поврзани со инфекција на горниот респираторен дел, која настанала како резултат на настинка или грип. Овој тип на инфекции се јавуваат на средното уво и предизвикуваат болка и други симптоми. Познати се под името otitis media.

ушни инфекции кај децата

Габичните и бактериските ушни инфекции најчесто настануваат во летните месеци и се познати како otitis externa. Воспалението е предизвикано од водата и топлината во надворешното уво, а често инфекцијата се нарекува и „пливачко уво“. Кога во ушниот канал остане влага, таа станува идеална средина за развој на бактерии.

Гледано во светски рамки, околу 2.4 милиони деца, тинејџери и возрасни се соочуваат со ушни инфекции секоја година. Инфекциите се почести кај децата, но се јавуваат и кај возрасни кои поминуваат доста време во вода, како што се пливачите. Причината за тоа е што ушниот канал нема доволно време да се исуши, па бактериите и габичките започнуваат да се размножуваат.

Најчести причини кои предизвикуваат ушни инфекции во летниот период

Нежната кожа во внатрешноста на ушите лесно може да биде оштетена или повредена, а со тоа ризикот од ушни инфекции се зголемува.

Најчестите причини кои предизвикуваат ушни инфекции во летниот период се:

  • недоволно сушење на ушите по пливањето
  • носење на слушалки
  • употреба на памучни чепкалки за уши
  • чешање на ушите.

Дополнително, лицата кои носат слушни апарати и имаат кожни алергии се под поголем ризик за развој на ушни инфекции.

Симптоми и третман на ушните инфекции во летниот период

Ако забележите дека детето се допира кај ушите, плачи и е поиритабилно спрема вообичаено, тоа може да биде знак за ушна инфекција. Зголемувањето на телесната температура е друг симптом кој укажува за ушна инфекција.

Американската Академија на Педијатри ги промени долгогодишните препораки за лекување на ушни инфекции. Во минатото, практика им беше препишување на антибиотици. Но, сега се применува друг метод на следење на ушните инфекции. Имајќи ги во предвид несаканите ефекти на антибиотиците, педијатриите го избегнуваат нивното користење. Причините за тоа се стравот дека бактериите кои предизвикуваат ушни инфекции стануваат се поотпорни на антибиотиците.

Педијатарот може да препише пробиотици како OralBiotic и капки против болки во ушите и да ви каже да го следите детето 48 часа за да забележите подобрување на симптомите. Доколку нема подобрување, би требало повторно да го посетите докторот за понатамошен третман.

ушни инфекции

Што е OralBiotic?

Она што можеме да го препорачаме со цел превенција и подобрување на состојбата при ушни инфекции во лето е Oral Biotic. Тоа е здраво, природно и делотворно решение. Претставува природен пробиотик за заштита на ушите, носот и грлото. Ја зголемува отпорноста кон инфекциите со одржување на природна бактериска рамнотежа. Претставува единствен и комплетно нов концепт во исхраната кој содржи напреден пробиотик BLIS K12, за поддршка на здравјето и рамнотежата на микрофлората во устата, грлото и средното уво. BLIS K12 е природна добра бактерија која се наоѓа во устата и грлото и напреден пробиотик кој обезбедува природна заштита на имунолошкиот систем против воспаление на грлото, инфекции на увото и горните дишни патишта, што е особено важно за децата.

Повеќе за OralBiotic може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да го набавите. Доколку сакате, може да го нарачате и директно на вашата адреса преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да го набавите од сите поголеми аптеки. А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска за подетален одговор.

Превенција на ушните инфекции во летниот период

  • Веднаш по капењето убаво исушете ги ушите.
  • Погрижете се децата или тинејџерите да ја протресат главата и убаво да ги исушат ушите по излегувањето од базен, море или езеро.
  • Носете капа или заштитници за уши за да спречите навлегување на вода.
  • По бањањето, со помош на фен на најниска температура исушете ги ушите.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Уринарна инфекција при патувања –  што може да помогне?

*Спонзориран текст

Сподели: