Коимбра протокол - помош за пациенти со автоимуни заболувања 1

Д-р Нела советува: 4 решенија против честа мигрена и главоболка

Константниот стрес и нервоза имаат сериозно негативно влијание врз целокупното здравје, не само врз појавата на главоболка. Темпераментните лица кои имаат низок праг на толеранција на стрес, се најсклони кон мигрена и главоболка. Има повеќе фактори кои влијаат за појава на овие состојби. Секој од нив на различен начин го менува организмот и согласно тоа, на различен начин се решава. Прочитајте до крај и погледнете кои решенија ги најдовме како едноставни и корисни кои помагаат кај најголем дел од популацијата против мигрена и главоболка.

Oсвен темпераментот, на мигрената може да влијае и наследниот фактор или, може да зависи од полот. Според полот, жените почесто страдаат од мигрена, отколку мажите. Покрај другото, квалитетот на исхраната е исто така значаен фактор кој игра голема улога. Научниците открија дека недостатокот на одредени витамини и микроелементи може да биде предизвикувач на главоболка. Токму затоа, се консултиравме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс и во продолжение ви откриваме кои витамини и минерали, доколку се дефицитарни во организмот, може да доведат до мигренозна и силна главоболка.

Коимбра протокол - помош за пациенти со автоимуни заболувања 2

Витаминот Д е есенцијален за разни функции во телото

Тој е важен витамин кој се синтетизира во телото, кога е изложено на сончева светлина. Во есенско-зимските периоди, кога нема доволно сонце, мора да се надополнува преку храна која е богата со него. За да внесувате доволно витамин Д преку исхраната редовно јадете јајца, џигери, морски плодови и млечни производи.

Препорачан додаток во исхраната – NOW® Vitamin D-3

NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма во мека капсула. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата со витамин Д станува сѐ понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.

Со оглед на тоа што витаминот Д е растворлив во масти, за подобра искористливост се препорачува да се консумира заедно со масни киселини (Омега 3Омега 3-6-9DHA 500).

Повеќе информации за NOW® Vitamin D-3 прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Недостатокот на бакар и железо може да доведе до мигрена, замор и депресија

Бакарот и железото спаѓаат во групата на важни минерали. Најчесто од нивен недостаток патат жените, што доведува до анемија, мигрена, хипотензија, депресија и замор. Добар извор на овие микроелементи се јаткастите плодови, мешунките, козјото сирење, авокадото, зелената салата, семињата, џигерот и алгите. А, доколку имате сериозен проблем со анемија и недостаток од железо и бакар, треба да се посоветувате со вашиот доктор за да почнете да земате суплементи во вашата исхрана.

Може да ве интересира: Витамин Б-2 против главоболка и анемија.

витамин Б-2

Доволни дози на витаминот Б6 за важни за здраво срце и мозок

Недостатокот на овој витамин може да доведе до васкуларни заболувања. Затоа, вашето секојдневно мени треба да изобилува со мешунки, свеж зеленчук и житарки. На тој начин ќе ги зачувате здрави виталните органи, посебно срцето и мозокот, а исто така и ќе го зајакнете целосно кардиоваскуларниот систем и невроните.

Недостатокот на фолна киселина (Б 9) и витамин Б 12 може да е причина за главоболка и заборавеност

Недостатокот на овие витамини во телото може да предизвика заборавеност, расеаност и раздразливост. Затоа, често пати е апсурдно што при главоболка сите посегаме прво по аспирин, кој дополнително ги намалува нивото на фолната киселина и витаминот Б 12 во телото. Добри извори на овие витамини се спанаќот, брокулата, морковот, тиквата, авокадото и јајцата. Затоа, се препорачува овие намирници да се консумираат секојдневно. А, на оние кои често имаат главоболка им се советува да ги земаат овие витамини и во форма на суплементи.

4 решенија против честа мигрена и главоболка 3

Наша препорака за избор на квалитетни фолати како додаток во исхраната

Имајќи предвид дека има разлики помеѓу производителите, се заинтересиравме да дознаеме како да избереме квалитетен производ. Ја замоливме Д-р Нела Деспотовска да нѐ информира, па ви го препорачуваме Methyl Folate од Now Foods. Тој е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот, како што се нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. За разлика од редовната фолна киселина, Methyl Folate докажано навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Quatrefolic® е патентирана форма на Methyl Folate со докажана супериорна биорасположивост во споредба со фолната киселина од прехранбените извори. Подетални информации може да прочитате тука.

Ако сакате да го набавите Methyl Folate посетете ги поголемите и добро снабдените аптеки или нарачајте го преку онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

За крај, не заборавајте дека здравата храна, доволниот сон, шетањето на свеж воздух и вежбањето, се клучеви за добро здравје и долговечност! Сите тие заедно, а по потреба со додаток на соодветни суплементи, во консултација со вашиот личен лекар, може да помогнат во намалување на силните мигренозни главоболки и нивниот интензитет.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: 5 начини да го покачите нивото на витаминот Д.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: