Hawaiian Spirulina e суперхрана за трудници, доилки и деца и тоа со загарантирано природно потекло. Тоа е и причината за нејзиното извонредно добро искористување од човечкиот организам, бидејќи тој го препознава природното! Разните мулти витамински и минерални производи создадени од човекот сепак се недоволно добри во однос на природното, па во оваа прилика споделуваме неколку корисни информации за сите идни и млади мајки, како и за мајките кои веќе ги потпораснале своите деца.
Бидејќи спирулината е вистинска супер храна, ви препорачуваме да ги прочитате и следните две теми, во кои ќе најдете многу пообемни и детални информации:
- Hawaiian Spirulina – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!
- Hawaiian Spirulina е кралица на алгите и супер храна за долг живот.

Hawaiian Spirulina е идеална за време на бременост или доење
Hawaiian Spirulina е извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамините од Б комплексот, комплетни протеини, гама линоленска киселина и мноштво на минерали и ензими. Ги содржи сите есенцијални амино киселини и 23 пати повеќе биолошко железо отколку спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 4 пати повеќе протеини отколку тофу (сирење од соја), 5 пати повеќе калциум од млекото и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот.
Hawaiian Spirulina е идеална за време на бременост или доење, бидејќи исхраната е еднакво важна и за мајката и за детето. Детето е целосно зависно од хранливите материи обезбедени од крвотокот на мајката. Поради тоа, мудро е жените кои размислуваат за мајчинство да ја подобрат нивната исхрана уште пред да станат бремени.
Помага за спречување и превенирање на анемија кај бремените мајки и децата во развој
Анемијата (недостаток на железо) кај бремените мајки и децата во развој, е најчесто нутритивно заболување. Додатоците на железо се многубројни, но повеќето се формули на неоргански железни синтези, кои имаат значително слаба биолошка искористливост и често пати предизвикуваат непријатни споредни ефекти.
Hawaiian Spirulina е посебно корисна храна за мајките вегетаријанки
Витаминот Б12 кој го има во состав на Hawaiian Spirulina е од особена важност за мајките вегетеријанки. Бебето хрането само со мајчино млеко од мајка вегетеријанец може да развие симптоми на анемија.
Токму затоа, ако припаѓате во оваа група или пак имате било какво прашање поврзано со темава или имате прашања во врска со консумирањето на Hawaiian Spirulina, слободно пишете ни се на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за најдобар совет за вашата потреба и ќе ви одговориме.
Претставува значителна помош за здрав развој на фетусот и добро здравје на мајката
Хранливите состојки помагаат да се изгради мозокот и нервниот систем на фетусот кои се добиваат од мајката за време на бременоста.
Снабдувањето на Hawaiian Spirulina со апсорбливи хранливи материи може да биде од особено значење за бремените жени кои се хипогликемични или склони на онесвестување.
Како идеален додаток во исхраната, Hawaiian Spirulina го обезбедува организмот со сите основни хранливи материи потребни секојдневно, правејќи ве свежи, активни и полни со енергија низ целиот ден.
Има голем број на причини зошто Hawaiian Spirulina е одлична и за децата
Спирулината содржи гама линоленска киселина, која е важна за растот и развојот, а покрај мајчиното млеко, единствен извор на оваа важна масна киселина е токму Hawaiian Spirulina. За децата во раст, е исто така полезно да ја земаат. Во овој случај овој здрав додаток на исхраната е многу корисен посебно за:
- подобрување на имунолошкиот систем и метаболизмот
- намалување и избегнување на настинките и кашлиците кои се многу чести и лесно се шират во овој период од животот
- подобрување на концентрацијата и вниманието.
Покрај наведените придобивки, прочитајте ги 10-те докажани причини за да консумирате спирулина. А, ако сакате да ја набавите, Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во паковања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прашок. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.
Производ за целото семејство, за поздрави родители и деца!
*Комерцијален текст
Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?