Д-р Нела Деспотовска советува: 7 препораки за силен имунитет на вашето дете

Здравјето на децата е врвен приоритет за родителите! Во период на вируси, особено сега во време на пандемија со коронавирус, силниот имунитет може да го заштити детето од непријатности и дополнителни ризици кои ги носат вирусите. Што можете вие како родител да направите за да го заштитите вашето дете? – По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, а тоа е  20-ти ноември, направивме мало истражување и поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Од разговорот споделуваме неколку совети за превенција од настинки и корисни препораки за силен имунитет на вашето дете.

Имунолошкиот систем кај децата не е доволно развиен, така што вирусите и бактериите едноставно се лепат на нив. Друга причина е фактот што најмладите во овој период поминуваат многу време во затворени простории, во градинки и училишта, каде што постои голема можност за добивање на вируси и бактерии од други деца. Најдобра заштита од бескрајната низа на бактерии и вируси со кои секојдневно се среќаваат, е стекнување на здрави навики кои може да преминат во служба на засилување на имунитетот на вашето дете.

7 лесни начини да го подобрите имунитетот на вашето дете

Давајте им на децата повеќе овошје и зеленчук

Не заборавајте да ги потсетите да јадат повеќе свежа храна. Децата не одбиваат толку, колку што ние родителите забораваме да ги понудиме. Моркови, боранија, портокали, јагоди, секое достапно сезонско овошје и зеленчук… Сите тие содржат каротеноиди, кои се фитонутриенти и го зајакнуваат имунитетот. Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со фитонутриенти може да заштити и од хронични болести како што се ракот и срцевите заболувања во зрелоста.

Зголемете го времето за спиење

Телото се регенерира, опушта и смирува во текот на спиењето. Погрижете се вашето дете да има доволно сон. А, за тоа да е така, воведете распоред на спиење до кој ќе се придржувате. Секој ден легнувајте го детето во кревет или ако е поголемо кажете му дека е време да спие и мотивирајте го да ја одржи навиката за добар сон.

Доењето на бебето е предност, правете го ако имате можност

Мајчиното млеко содржи антитела кои го подобруваат имунитетот. Доењето штити од инфекции на увото, алергии, дијареа, пневмонија, менингитис и инфекции на уринарниот тракт. На кратко, одлично е за здравјето на детето и може да го заштити во почетните години од животот.

Креирајте традиција за вежбање како семејство

Децата најдобро учат преку пример, ова важи и за физичката активност. Организирајте забавни семејни активности кои вклучуваат возење велосипед, планинарење, лизгање, кошарка или тенис, а ако ништо од ова не може во даден момент, пешачење или домашен пилатес секогаш ќе бидат забавни, интересни и корисни за сите.

Научете ги да се заштитат од ширење на бактерии

Погрижете се вашите деца често да ги мијат рацете со сапун. Посебно треба да внимавате на нивната хигиена пред и после секој оброк, после играње надвор, контакт со домашни миленици, користење на тоалет и пристигнување дома од дневен престој.

Не пушете цигари во нивна близина

Децата се поподложни на штетните ефекти на пасивното пушење од возрасните, бидејќи дишат со побрзо темпо. Исто така, и природниот систем за детоксикација на децата е помалку развиен.

Не посегнувајте одма по антибиотици

Антибиотиците лекуваат само болести предизвикани од бактерии, а поголемиот дел од детските болести се предизвикани од вируси. Најпрво пробајте на природен начин, со здрава исхрана и додатоци во исхраната за да го зајакнете имунитетот на детето и да закрепне. Во оваа насока, ја замоливме Д-р Нела Деспотовска за помош и препораки, па од нејзините совети можеме да ви ги препорачаме следните додатоци во исхраната за вашите деца:

  • Oral Biotic – природен пробиотик за заштита на ушите, носот и грлото. Ја зголемува отпорноста кон инфекциите со одржување на природна бактериска рамнотежа. NOW® OralBiotic ™ претставува единствен и комплетно нов концепт во исхраната кој содржи напреден пробиотик BLIS K12, за поддршка на здравјето и рамнотежата на микрофлората во устата, грлото и средното уво. BLIS K12 е природна добра бактерија која се наоѓа во устата и грлото и напреден пробиотик кој обезбедува природна заштита на имунолошкиот систем против воспаление на грлото, инфекции на увото и горните дишни патишта, што е особено важно за децата.
  • Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan од NOW (Бета-глукан) – за силен имунитет, заштита и полесно справување со респираторните потешкотии. Научните студии покажуваат дека Бета-глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки, вклучително и оние присутни во лимфоидот поврзан со цревните ткива (GALT). GALT постои во дигестивниот тракт и е познато дека игра клучна улога во функцијата на здрав имунолошки систем. Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan од NOW се препорачува затоа што го поддржува имунолошкиот систем и нормалната активност на имуните клетки, го јакне имунитетот, штити од настинки и грип, ги олеснува респораторните инфекции и помага при алергиски ринитис.
силен имунитет 7 лесни начини да го подобрите имунитетот

DHA Kids Chewable и BerryDophilus Kids може да ги нарачате со попуст и бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс. Производите се достапни и во повеќето аптеки низ земјава, а попустот важи само за онлајн нарачки.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 намирници за силен имунитет кај децата и Д-р Нела советува: Kако да се заштитиме од грипот во зимскиот период?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: