Нашата пријателка од блогот Кuhinjica Мignone и овој пат не почести со интересен и малку поинаков рецепт. А, бидејќи нејзините идеи се одлични со задоволство го споделуваме и рецептов за егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка.
За сите нас, нов и несекојдневен вкус, но затоа многу поинтересен од секојдневните и совршен за нови сензационални дегустативни искуства. Да го пробаме!

Состојки:
- 500 гр пилешко месо печено на скара
- 300 гр варена пченка
- половина свеж ананас
- 200 мл кисела павлака
- 200-300 мл мајонез
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Пилешкото месо прво испечете го на скара, а потоа така подготвено, исечете го на ситни или покрупни коцки, во големина по желба.
- Пченката сварете ја или само исцедете ја доколку е веќе сварена, а ананасот исто така исечете го на коцки во големина по желба, посолете и наросете со црн пипер.
- Во сад, измешајте ја киселата павлака со мајонезот, а потоа соединете ги сите состојки. Убаво измешајте и оставете да се излади.
Пред да ја служите егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка, по желба можете да додадете и малку банана исечена на коцки. Истражувајте нови вкусови и уживајте, на здравје!