едноставни совети како да подготвите највкусен ослич

Едноставни совети како да подготвите највкусен ослич

Консумацијата на риба, на нашиот организам му обезбедува висококвалитетни протеини. Затоа, важно е во исхраната да биде вклучена често. Рибата е храна која содржи многу витамини и минерали, а благодарение на нив, човечкото тело функционира добро. Препорачуваме топло, да пробате да направите највкусен ослич, а подолу споделуваме како!

Осличот содржи витамини Б1, Б2, калциум, калиум, фосфор. Богат е со омега-3 масни киселини кои помагаат во борбата со лошиот холестеролот во организмот. Има бело, меко, сочно месо, содржи протеини, минерали, влакна и лесно се вари во дигестивниот систем. Одличен е затоа што многу лесно се чисти, а и лесно се подготвува, па доколку ги следите нашите трикови ќе направите највкусен ослич кој ќе го обожаваат и децата.

како да подготвите највкусен ослич

Подготовка на рибата

Најпрво убаво исчистете ја и измијте ја рибата. Посипете ја со лимонов сок за месото да биде цврсто и бело. Извалајте ги рибите во зачини и сол, а потоа започнете да ја подготвувате. Можете да ја пржете на масло или да ја испечете во рерна. Осличот исто така е добра основа за супи од риба.

Похуван ослич

Направете вкусен похуван ослич. Извалајте ги рибите во брашно, потоа во јајца, а ако сакате, можете и во лебни трошки. Потоа, испржете ги во претходно загреано масло. Ако подготвувате посен ослич, тогаш ставете малку црвена пипер и зачини за зеленчук во брашното. Добро извалајте ја рибата, па пржете ја на врело масло. Осличот има меко и посно месо, па не се препорачува да се подготвува на скара.

Ослич од фолија печен во рерна

Печениот ослич во фолија е исто така неверојатно вкусен. На алуминиумска фолија ставете сечкан зеленчук: праз, моркови, боранија, компир или друг зеленчук по желба. Врз зеленчукот ставете парче риба. Затворете ја фолијата добро од сите страни и ставете ја во рерна да се пече. Најдобро е да го печете поединечно завиткано секое парче, и тоа за време од 20-25 минути, во загреана рерна. На крајот, можете да ја отворите фолијата и да печете уште пет минути. Така рибате ќе има крцкава кора.

Сос

Рибата ќе биде уште повкусна ако направите и сос. Во сад исцедете еден лимон и додајте малку вино. Ставете го садот на оган да врие 3-4 минути. Додајте мешавина од зачини и мешајте додека сосот не се згусне. Подготвениот сос посипете го врз рибата.

Екстра предлог: Рецепт за универзален прелив за риба

Наместо сос, можете да подготвите и прелив за рибата.

Состојки:

  • магдонос
  • 50 мл маслиново масло
  • 2 лажици сок од лимон
  • 2 чешниња лук
  • сол по вкус.

Подготовка:

Ситно исечкајте ги лукот и магдоносот. Ставете го лукот во сад и посолете го по вкус. Додајте сечкан магдонос, сок од лимон и маслиново масло. Убаво измешајте и прелијте ја рибата.

Ви препорачуваме да прочитате: Риба за силно срце и правилна функција на мозокот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: