Дали ја сакате вашата шолја за кафе или чај? Оние керамички во кои понекогаш со часови го пиеме омиленото кафе, чај или топло чоколадо… Со шолјите се поврзани моментите на уживање – мир, читање на книги… Па, ако вам или на партнерот ви се драги, зошто да не ги персонализирате по свој вкус? Направете елегантна декорација на шолји, за само 5 минути.
Верувале или не, тоа е многу лесно. Потребен ви е маркер и креативност, па на секоја шолја може да му дадете лична нота. Вака декорираните шолји се идеален подарок за партнерот или друга драга личност.
Едноставна и елегантна декорација на шолји за чај
Се што ви е потребно се бели порцелански шолји за чај, перманентен маркер за пишување на порцелан и самолеплива хартија. Пред да започнете, шолјите добро измијте ги со детергент, а потоа темелно исушете ги.
Врз хартијата исцртајте форма на срце. Потоа, со помош на ножици исечете ја хартијата. Потоа, срцето залепете го врз шолјата. Доколку на располагање немате самолеплива хартија, може да користите обична хартија, која ќе ја прицврстите на шолјата со малку лепило.
Со помош на маркерот, околу срцето во неколку редови исцртајте мали точки. Штом сте готови, хартијата внимателно отстранете ја.
Шолјите ставете ги ладна рерна. Рерната уклучете ја на 160 степени. По 30 минути, рерната исклучете ја. Шолјите оставете ги комплетно да се изладат во рерната, за да може маркерот добро да се исуши маркерот.
Бидете креативни и уживајте во вашите омилени шолји кои може да ги подарите!
Ви предлагаме да прочитате: Совршено мени за денот на вљубените и денот на виното.