Ниту една кујна не може да функционира без садови за готвење. Садовите ни се неопходни и ги користиме за подготовка на деликатесни јадења, па сѐ до наједноставните како што е кајгана. А сигурно сте се запрашале кои се најздравите садови за готвење? – И верувајте не сте единствени! Ни пристигнаа многу пораки на оваа тема, па ви откриваме што дознавме. Овој пат цел на нашето истражување беа емајлираните садови од Металац.
Секој сака модерни садови за готвење со уникатен и елегантен дизајн кои совршено би се вкопиле во секоја кујна, од ретро, па се до модернистички дизајн. Садови кои ќе ве претворат во вистински професионалец во кујната, а секој оброк подготвен во нив да изобилува со прекрасни ароми и вкусови. Притоа, сите ние сакаме тие да се долготрајни, издржливи и да траат со генерации. Лесно да се мијат и да немаат лепливо дно. И што е најважно, да бидат целосно безбедни и здрави за употреба. Па, ако досега си мислевте дека сите овие карактеристики не може да ги поседува еден сад, пробајте ги емајлираните садови на Металац. Тие се елегантни, модерни, издржливи и пред сѐ здрави и безбедни за употреба. Кога ќе се спои 55 години искуство, современа технологија и најквалитетни материјали, се добиваат садови со врвен квалитет кои се користат кај нас, во Европа и ширум светот. А тоа се садовите за готвење од Металац. Ги издвоивме за пример од повеќе причини, па затоа ви препорачуваме да прочитате повеќе за нив.
Придобивки од користењето на емајлираните садови
Емајлираните садови се користат за подготовка, чување и сервирање на храната. Брзо се загреваат со што овозможуваат заштеда на енергија. Емајлниот слој не дозволува задржување на бактерии и не предизвикува алергиски реакции. Отпорни се на хемиски средства, киселини кои се јавуваат во текот на готвењето, на абење и гребнатини и се многу едноставни за одржување (можат да се мијат рачно и во машина за садови). Доколку исправно се чуваат и одржуваат, овие садови имаат многу долг век на траење.
Емајлираните садови од Металац се изработуваат од најквалитетните репроматеријали, низ процеси кои постојано се унапредуваат и со современа технологија која ги следи светските трендови. Квалитетот и исправноста за подготовка на храна се потврдени со повеќе сертификати од интернационални институции.
Достапни се во повеќе форми и различен дизајн
Асортиманот на емајлирани садови од Металац брои повеќе линии производи, во повеќе форми и големини и во различни бои и декори. Варијациите на форма и дизајн и комбинација на материјали (инокс или бакелитни рачки, емајлиран или стаклен капак итн.) се направени со цел да ги задоволат различните вкусови на потрошувачите и потребата за различни начини на подготвување на храната: варење, пржење, динстање или печење, подготовка на секојдневни оброци,специјалитети или подготовка на зимници.
Емајлираните садови на Металац, кои се докажано здравствено најисправни, ќе Ви донесат леснотија и разиграност во готвењето и задоволство од секој оброк.
Препораката од нас е да ги изберете садовите од Металац и безгрижно да ги приготвувате омилените јадења, со нов и подобрен вкус. А она што е ново од Металац и е важно за сите нас, е нивната Facebook фан страна, позната како Metalac Makedonija. Посетете ја и следете ги сите новости и акции.
*Комерцијален текст