како правилно да ја искомбинирате куркумата

Практични совети за готвење со куркума

Во последно време многу се зборува за лековитата моќ на куркумата. Па, речиси и да нема човек кој не слушнал за неа и не ја купил. Но, дали знаете како правилно да ја комбинирате и употребувате за да ги искористите хранливите состојки? – Ние сме тука да ви дадеме одговор на сите прашања со храната, да ви помогнеме во кујната и да ги зголемиме вашите кулинарски вештини. Прочитајте ги и споделете ги овие практични совети за готвење со куркума во прав. 

Куркумата претставува егзотично растение кое е сродно со ѓумбирот. Има жолта боја и по малку остар и горчлив вкус. Традиционално се користи во индиската кујна, како и во југоисточна Азија каде е составен дел на некои зачински мешавини како кари и гарам масала. Таа е посебно популарна во Иран, а и во Мароко. Во иранската кујна се користи како дел од зачинското трио „адвиех“ кое го сочинуваат цимет, кардамон и куркума. Но, освен во Индија и на Блискиот исток, куркумата се стекнува со сѐ поголема популарност ширум светот, бидејќи важи за еден од најздравите зачини.

како правилно да ја искомбинирате куркумата

Како подобро да ги искористите здравствените придобивки од куркумата?

Бројот на начини на кој може да го употребите овој популарен зачин е неограничен.  Секогаш се препорачува да се комбинира со масло, како Брилијант омега 3, маслиново или кокосово и со црн бибер. На тој начин максимално ќе се искористат хранливите состојки од куркумата.

Маслото и пиперинот (состојка која ја содржи црниот бибер) помагаат за подобра апсорпција и искористливост на биоктивната компонента – куркумин.

Практични кујнски совети за готвење со куркума во прав

  • Доколку никогаш немате користено куркума започнете со мали дози, со цел постепено да се навикнете на неа, а потоа со тек на време може да ја зголемите количината.
  • Додајте 1-2 лажички куркума во зеленчуковата супа, за да добие убава и интензивна жолта боја.
  • Кога подготвувате ориз, во водата во која се вари додајте ½ лажичка куркума.
  • Може да го збогатите и утринското смути така што во него ќе додадете 1-2 лажички куркума во прав, во зависност од тоа дали сакате поблаг или поинтензивен вкус. Додајте и малку кокосово масло со цел да ја подобрите апсорпцијата на корисните состојки од куркумата.
  • Може да ја користите како зачин при подготовка на леќа, чорба од мешунки и други варива. Во чорбата додајте црвен кромид, Брилијант омега 3 масло и 1 лажичка куркума во прав.
  • Секогаш кога варите или пржите зеленчук, додајте по 1 лажичка од овој жолт и лековит зачин.
  • Може да си направите и жолти палачинки така што во смесата ќе додадете ½ лажичка куркума. Ние ви гарантираме дека ќе се воодушевите од интензивната жолта боја која ќе ги примами и децата.
  • Може да направите златно млеко кое помага против болки во зглобовите и половината или златен мед кој е супер против настинка и грип.
  • Секогаш кога варите чај, во водата додајте ¼ лажичка куркума во прав. Може да си подготвите и вкусен чај од куркума.

Креативни и лековити начини на употреба на куркумата

Таа покрај тоа што е лековита, помага и во борбата против вишокот на килограми, па со неа може и лесно да ослабете. Куркумата го поттикнува губењето на килограми и масни наслаги. Може да си направите лековита топла вода со куркума. Исто така овој зачин може да го користите за разубавување така што ќе си направите маска за лице од куркума против брчки, акни и темни кругови.

Наша препорака:

Во палетата на нови производи на Витаминка може да најдете и куркума во прав која се одликува со врвен квалитет. Практичното пакување може да го погледнете тука и да го набавите во поголемите маркети ширум земјата.

Црниот бибер најдобро ги задржува своите вкус, арома, мирис и свежина кога е во зрно и свежо мелен. Витаминка во својата палета на нови производи има црн бибер во зрно во практично пакување со мелница. Така секогаш ќе може да уживате во прекрасната арома на свежо мелен црн бибер.

Ви препорачуваме да прочитате: Сода бикарбона без алуминиум – лесно достапен народен лек.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: