Можеби досега сте пробале шпагети ала Норма во ресторан или пак сте ги направиле дома. А ако ги немате пробано, сега имате супер рецепт за ова едноставно, но многу убаво италијанско јадење. Освен со шпагети може да ги направите со било кои тестенини.
Паста ала Норма потекнува од Сицилија, а нејзиниот богат вкус е причина за големата популарност. Се прави со модри патлиџани и домати кои му даваат убава текстура, а се зачинуваат со босилек чили кои му даваат ароматичен, пикантен вкус!
Состојки:
- 2 модри патлиџани
- 3 чешниња лук
- свеж босилек
- 1 мала лажичка сушено оригано
- 1 мала лажичка чили
- маслиново масло
- 1 лажица капери
- 1 лажица бела винска киселина
- 400 грама домати од конзерва
- 320 грама шпагети (може да користите интегрални шпагети)
- 50 грама рендано пекрино (овчо) сирење
- екстра маслиново масло.
Подготовка:
- Модрите патлиџани исечете ги на парчиња со големина од 2 см. Ставете ги во цедилка, посолете ги и оставете ги за време од 20 минути за да пуштат течност.
- Лукот излупете го и исечете го на мали коцки.
- Ливчињата босилек исечете ги.
- Модрите патлиџани измијте ги и исушете ги со кујнска хартија. Потоа ставете ги во голем сад и додајте малку маслиново масло, оригано, чили, зачинете со сол и мелен црн пипер. Измешајте ги убаво.
- Во голема тава на оган ставете маслиново масло да се загрее, на средна температура. Штом маслото е врело, додајте ги модрите патлиџани и пржете ги за време од 5 до 8 минути, или додека омекнат и добијат златеста боја. За време на пржењето повремено мешајте ги.
- Потоа додајте уште малку маслиново масло, сечканиот лук, капери и босилекот. Продолжете со пржењето уште 2 минути или додека добијат златеста боја.
- Во тава додајте ја киселината и доматите. Намелете ја температурата на ниско и оставете сосот да вари за време од 15 до 20 минути.
- Шпагетите сварете ги во поголема количина на посолена вода за време од 8 минути или додека добиете ал денте, што значи дека треба да бидат доволно меки за да се јадат, но да бидат малку цврсти и да не се распаѓаат.
- Шпагетите исцедете ги. Оставете една чаша од водата во која се вареа шпагетите.
- Во сосот со модрите патлиџани додајте една чаша вода во која се вареа шпагетите и измешајте. Потоа додајте поволна од ренданото сирење и босилекот. По вкус додајте и маслиново масло.
- На крај, во сосот додајте ги шпагетите и измешајте. Доколку е потребно додајте уште од водата во која се вареа шпагетите.
- Готовите шпагети ала Норма ставете ги во чинии. Врз нив додајте го преостанатото рендано сирење и декорирајте во свеж босилек. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Шпагети во кремаст песто сос.