Паста пастицио - макарони со мелено месо и бешамел сос 1

Паста пастицио – макарони со мелено месо и бешамел сос

Време е за превкусно јадење на ниво на врвните кулинарски емисии кое ќе ве одведе на дегустативна прошетка во Италија! Ако сакате мала, но впечатлива промена во секојдневното мени, пробајте го нашиот рецепт за паста пастицио или потпечени макарони со мелено месо и бешамел сос!

Штом го пробате или имате некој омилен рецепт за подготовка на ваков специјалитет, пишете ни во групата на Сѐ за храна.

Состојки:

  • 400 г макарони

За фил:

За бешамел:

  • 500 мл млеко
  • 3 лажици брашно
  • 50 г путер
  • малку масло
  • сол, морско оревче по вкус
  • 50 г кашкавал

За посипување:

  • 50 г кашкавал.

Подготовка:

  1. Припрема на филот. Кромидот излупете го, измијте го и ситно исечкајте го, па пропржете го со малку масло. Додајте го меленото месо и зачинете го по вкус. Пржете кратко, па додајте го доматното пире и динстајте додека месото омекне.
  2. Припрема на бешамел сосот. Путерот растопете го со малку масло, па додајте го брашното и запржете го. Додајте го полека ладното млеко, а притоа постојано мешајте за да не се создадат грутчиња. Зачинете по вкус и кога бешамел сосот е готов, додајте 50 грама од кашкавалот.
  3. Макароните сварете ги во посолена вода и исцедете ги. Поделете ги на 2 дела. Едниот дел измешајте го со претходно припременото мелено месо, а другиот дел измешајте ги со бешамел сосот. Садот за печење премачкајте го со путер. Прво распоредете во него слој од макароните измешани со мелено месо, а потоа од макароните измешани со бешамел сос. Одозгора посипете со рендан кашкавал.
  4. Ставете го кратко да се печи во претходно загреана рерна на 200-220 степени. Послужете топло и на здравје!

Совети плус:

  • Ова јадење може да го служите во индивидуални садови, а посебно декоративно ќе изгледа ако го сервирате во чинија без садот за печење, а да бидат видливи слоевите на јадењето.
  • За подготовка на рецептот, може да користите свинско, јунешко или мешано мелено месо. А, за да бидете сигурни дека ќе изберете квалитетно месо ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Во нивните месарници во Велес, Битола и Штип ќе пронајдете свежо свинско и јунешко месо од домашно производство. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Топчиња од мелено месо со сос од кечап

Ви препорачуваме да прочитате: Гулаш на американски начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: