И со напорно вежбање не успевате да ги намалите килограмите? 1

И со напорно вежбање не успевате да ги намалите килограмите? Прочитајте зошто!

Секој ден сте во движење, пешачите или имате навика за напорно вежбање, а сепак килограмите не се намалуваат? Стагнирањето на телесната тежина може да ве разочара и да ви ја намали мотивацијата.

Треба да знаете дека, гледањето на една иста цифра на вагата, може да е последица на некоја ваша лоша навика.

И со напорно вежбање не успевате да ги намалите килограмите? 2

Еве кои се причините кои го саботираат ефектот од напорното вежбање и вие се чувствувате дека не напредувате

Не јадете правилно

Човечкото тело има изградено свој механизам за да преживее во екстремни услови. Кога внесувате премалку калории, тоа го забавува метаболизмот и согорувањето на калориите, па започнува да складира масти, затоа што „мисли“ дека гладувањето ќе продолжи. Па, во одреден момент и покрај напорното вежбање вашата тежина ќе започне да стагнира.

Се наградувате себеси

„Вежбав еден час, си заслужив едно чоколадо“ –  можеби во вашата глава вежбањето го оправдува внесувањето на дополнителни калории, но не се изненадувајте кога вагата нема да ги покаже посакуваните резултати. Многу жени кога ќе започнат да вежбаат, си дозволуваат повеќе вкусни задоволства, затоа што се убедени дека со тренингот ќе ги согорат „изедените“ калории. Се препорачува оброкот по вежбање да содржи околу 200 калории.

Вашето тело е под премногу стрес

Вежбањето е стрес за вашето тело. Кога имате здрав баланс на вежби поврзани со стресот, вашето тело е здраво и може да го изгуби вишокот на масти. Сепак, не давањето на телото доволно време за опоравување, исто така може да предизвика негативен ефект. Во тој случај вашето тело ќе лачи преголемо количество на кортизол, хормонот на стресот и повторно ќе таложи масти, посебно во пределот на стомакот.

Може да ве интересира: 3 совети за брзо опоравување после напорно вежбање.

Вежбањето го претворате во рутина

Повторувањето на истите шеми на вежбање не е добра стратегија за слабеење, бидејќи телото се навикнува на вежбите и започнува да согорува помалку калории. Поради тоа, вашата тежина ќе започне да тапка во место. За да слабеете и да имате максимален ефект од вежбањето, треба постојано да ги менувате вежбите, да го зголемувате нивниот интензитет, редослед и одморот помеѓу нив. А, има најмалку 7 причини зошто е подобро да вежбате наутро, прочитајте.

Не спиете доволно

Недостигот на сон може да ги намали придобивките за вашето тело од вежбањето и да има спротивен ефект од посакуваниот. За мускулите да работат со полн капацитет, вие треба да им го дадете потребниот одмор.

Ви препорачуваме да прочитате: Нискокалорични интегрални мафини без шеќер.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: