Нискокалорични интегрални мафини без шеќер

Нема поубав начин да се започне денот од појадок со вкусни мафини! Многумина ги избегнуваат слатките десерти, плашејќи се дека содржат многу калории, но ние имаме добра вест за сите! Креиравме рецепт за нискокалорични мафини без шеќер приготвени со интегрално брашно. Ги пробавме, одлични се, за дома и за да ги понесете за секаде.

Сочни се и многу вкусни, па вреди да се пробаат! Ги препорачуваме за сите кои не можат без благо, а сакаат да ја одржат витката линија, за оние кои внимаваат на внесот на калории, како и за сите кои применуваат режим на исхрана со мал процент на јагленохидрати. Од наведената количина ќе добиете 5 мафини.

мафини без шеќер

Состојки:

  • 2 белки
  • 2 банани со средна големина
  • ½ мала лажичка прашок за печиво
  • ½ мала лажичка сода бикарбона
  • ½ чаша интегрално органско брашно
  • ½ чаша јогурт со мал процент на масти
  • ½ мала лажичка цимет.

Подготовка:

  1. Бананите ги лупиме и ги пасираме со виљушка.
  2. Жолчките ги делиме од белките. Белките ги ставаме во сад за матење и ги матиме со миксер околу 3 до 4 минути, додека се добие цврст шлаг.
  3. Во садот со изматените белки ги додаваме пасираните банани. Смесата ја мешаме со лажица.
  4. Во мал длабок сад ги ставаме интегралното брашно, прашокот за печиво, сода бикарбоната и циметот. Состојките ги мешаме.
  5. Во садот со изматените белки го додаваме јогуртот и мешаме со лажица. Потоа го додаваме брашното и мешаме со лажица.
  6. Во калапот за мафини ставеме хартиени корпички. Во секој отвор ставаме од смесата за мафини 2/3 од висината.
  7. Калапот го ставаме да се пече во загреана рерна на 175 степени за време од 10 до 15 минути. Печените мафини ги вадиме од рерната и го оставаме да се изладат. Ги служиме во комбинација со свежи јагоди. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Енергетски чоколадни бомбици со кокос и овес без шеќер.

Сподели: