Оксидативниот стрес претставува дисбаланс помеѓу слободните радикали и антиоксидансите во телото. Се јавува природно и игра значајна улога во целокупното здравје на човекот, а во оваа прилика посветуваме внимание затоа што може да доведе до оштетување на клетките и ткивата во телото, што потоа резултира со заболувања. Тековната пандемија предизвикана од корона вирусот е уште една силна причина која беше мотивација за детално да ја разработиме темава. Препорачуваме да прочитате до крај и да дознаете кои се нашите препораки за зачувување на здравјето и „извојување“ на победа над оксидативниот стрес!
Природниот имун одговор може да предизвика привремен оксидативен стрес, но оваа состојба брзо се нормализира штом имунитетот се избори со некоја инфекција или повреда. Неконтролираниот оксидативен стрес го забрзува процесот на стареење и претставува ризик од појава на болести. Оксидативниот стрес на клетките, резултира со оштетување на нуклеинската киселина која е поврзана со мутации на вирусот. На тој начин доаѓа до потешко справување на организмот со корона вирусот.

Пред да преминеме на превенција, неопходно е барем на кратко да ги спомене најчесто застапените ризик фактори за настанување на оксидативен стрес, а тие се:
- дебелина
- исхрана богата со масти, шеќери и процесирана храна
- цигари
- радијација
- загадување на воздухот
- консумирање на алкохол
- пестициди и други хемикалии
- некои лекарства.
Превенцијата е половина лек
Важно е да запомнете дека во вашето тело треба да постои баланс помеѓу слободните радикали и антиоксидансите за да се спречи оксидативниот стрес. Дисбалансот доведува до одредени проблеми.
Навики кои можат да помогнат во спречување на оксидативниот стрес се:
- балансирана и здрава исхрана богата со овошје и зеленчук
- ограничен внес на процесирана храна
- редовна физичка активност
- откажување на цигарите
- избегнување на стрес.
Што се антиоксиданси?
Антиоксидансите се супстанци кои го неутрализираат дејството на слободните радикали и на тој начин го штитат телото од оксидативен стрес. Во антиоксиданси спаѓаат витамините А, Ц и Е, како и други витамини и минерали, меѓу кои и селенот. Телото само ги создава антиоксидансите, а се внесуваат и преку храната. Овошјето и зеленчукот се главен извор на антиоксиданси. Го обезбедуваат организмот со витамини и минерали кои телото само не може да ги создаде.
Совет плус од нас: Како силен антиоксиданс, преку земање во вид на додаток на исхраната, може да ви го препорачаме селенот. Неговото дозирање и користење, најдобро правете го во консултација со лекар. Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Природно се наоѓа во бразилските ореви, месото од органите, морската храна и никулците од пченица. Селенот е антиоксиданс, што значи има способност да го спречи дејството на слободните радикали. Недостатокот на селен предизвикува оксидативен стрес. Селенот претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. NOW Selenium nе е произведен со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки.
Наша препорака за справување со оксидативниот стрес во телото:
BioAstin
BioAstin-от претставува еден од најмоќните природни антиоксиданси и придонесува за заштита на организмот од оксидативен стрес. BioAstin Hawaiian Astaxanthin во својот состав содржи природен хавајски астаксантин од микроалгата Haematoccocus pluvialis. Освен што ги штити клетките од оксидативен стрес, BioAstin-от придонесува за:
- нормална функција на имунолошкиот систем
- нормален метаболизам на железото
- одржување на нормална кожа
- одржување на нормален вид
Витамин Д
Нашиот организам витаминот Д природно го добива од храната и од сонцето. Сонцето е основен извор на овој витамин, ама во зимскиот период изложеноста на сонце е намалена, па така може да се јави недостаток од витамин Д проследен со оксидативен стрес. Во тој случај е потребно да се зема како додаток во исхраната. А, за максимално искористување на придобивките, го препорачуваме NOW® Vitamin D-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула.
N-Acetyl Cysteine (NAC)
N-Acetyl Cysteine (NAC) е стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Тоа е аминокиселина која содржи сулфур и делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури. Исто така, NAC е неопходна и за формирање на глутатион. Молибден и селен се основни минерали во трагови кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими. Покрај тоа, NAC помага за одржување на клеточното здравје и штити од ефектот на слободните радикали.
AlphaSorb-C
AlphaSorb-C е уникатна и патентирана не-киселинска форма на витамин Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. Витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој ги штити клетките и молекулите на телото од оштетување од слободните радикали. Со тоа претставува заштита од оксидативен стрес. AlphaSorb-C е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц која лесно се апсорбира во организмот. Во својот состав содржи алфа липоична киселина поради која му се препишуваат антиоксидансните својства на производот.
Ashwagandha
Ашваганда е билка која многу се користи во Ајурведа, традиционалниот хербален систем во Индија. Се употребува како општ тоник и „адаптоген“, помагајќи му на организмот да се прилагоди на привремен нормален стрес. Освен тоа, ашвагандата поддржува здрав имун систем и е елиминатор на слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес. Кај нас, ашвагандата се среќава во форма на капсули. Како таква, наша препорака е NOW Ashwagandha.
Спменатите додатоци во исхраната може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Исто така, достапни се и во повеќето аптеки низ земјава.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобри витамини за цврста коса препорачани од нутриционистите.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.