симптоми при недостаток на цинк

Како да препознаете дали имате недостаток на цинк?

Иако традиционално витаминот Ц се смета за најважен во борбата против грипот и настинките, цинкот е подеднакво важен за имунитетот и доброто здравје. Тој е еден од најзначајните минерали за човечкото тело и е клучен за одржување на отпорноста од инфекции и болести, па се препорачува како природна заштита од микроорганизмите и сезонските настинки. А, знаете ли дали имате недостаток на цинк?

Цинкот е уште еден минерал со чудесни здравствени ефекти. Тој помага за правилен раст и развој на организмот, овозможува нормална синтеза на ДНК, го зајакнува имуниот систем, а исто така го убрзува и зараснувањето на раните. Како минерал е одговорен за бројни, различни функции во нашето тело и исто така е неопходен за активација на над 300 ензими.

Го зајакнува имунитетот и ги спречува вирусите

Експертите тврдат дека е неопходно да се внесува доволно цинк во организмот, бидејќи на слузокожата на носот и грлото се создава бариера, која спречува вирусите на грипот да продрат во телото.

Цинкот превенира појава на карциноми

Лицата кои имаат хроничен недостаток на цинк се повеќе склони кон малигни заболувања, затоа што овој минерал претставува и моќен антиоксиданс. Неговиот недостаток се поврзува со рак на јајниците, на белите дробови, цревата, дојките, кожата и леукемија.

симптоми при недостаток на цинк

Симптоми за недостаток на цинк

Недостатокот на цинк може лесно да се препозне. Најчестите симптоми при недостаток на цинк во организмот се:

  • намален имунитет
  • склоност кон алергии
  • опаѓање и слабеење на влакната на косата
  • губитокот на вкус и мирис
  • проблеми со кожата, појава на акни и црвенила
  • анемија
  • намален апетит
  • дијареја
  • бели точки на ноктите
  • слаб пренос на нервните импулси
  • ментални потешкотии
  • пречувствителност на инфекции
  • успорено зараснување на раните.

Извори на цинк од храната

Сите витамини и минерали е најдобро да се внесуваат по природен пат, односно преку храната, а истото важи за овој минерал. Цинкот најмногу го има во животинските намирници како што се:

  • јајцата
  • месото (говедско, живинско)
  • морските плодови (школки, ракови, туна).

Цинкот се наоѓа и во храна од растително потекло, како:

Овие намирници покрај тоа што се богати со цинк, содржат се магнезиум и селен. Вклучете ги во секојднвната исхрана и искористете ги придобивките кои ги нуди природата!

Ви препорачуваме да прочитате: 7 здравствени придобивки од внесот на цинк.

Сподели: