Дали сте под стрес и барате начин да се релаксирате? – Препуштете се на ароматеријата. Ароматерапијата е форма на алтернативна медицина која ги користи растенијата како материјали. Од нив се добиваат етерични или есенцијални масла и други ароматични соединенија.
Во последно време, есенцијалните масла стануваат сѐ попоуларни и тоа со право! Примената на ароматерапијата во вашето секојдневие ќе ви го подобри здравјето, убавината и психичката состојба. Таа може да го намали стресот, да ја отстрани депресијата и несигурноста, да го подобри сонот и да ве исполни со енергија. За таа цел ве запознаваме со некои есенцијални масла кои се достапни кај нас и може да ви помогнат за освежување, релаксација, намалување на стресот, за мирен сон…

Есенцијално масло за освежување
Есенцијалното масло за освежување e aроматично масло со освежувачка арома за моменти после тежок напорен ден. Ја ублажува анксиозноста и стресот, а ја зголемува концентрацијата и будноста.
Придобивки:
- Го освежува воздухот во просторијата
- Го подига расположението
- Намалува тензија и стрес
- Ја зголемува енергијата
- Ги поттикнува сетилата
- Ја зголемува концентрацијата и будноста
Есенцијално романтично масло
Есенцијално романтично масло e aроматично масло со нежна романтична арома која ќе ти овозможи убава, релаксирана и спокојна ноќ.
Придобивки:
- Создава романтична атмосфера
- Ги опушта нервите и емоциите
- Го намалува стресот
- Идеално масло за масажа (ставете 1-2 капки во маслото за масажа) и сауна.
Есенцијално масло за смирување
Есенцијалното масло за смирување e етерично масло кoe помага за смирување при грчеви на телото, емоционални промени, стресови и гадење. Дава ефект на ладење на кожа и помага при постигнување на урамнотеженост на емоциите при стрес.
Придобивки:
- Има пријатна миризба која смирува
- Ги опушта нервите и емоциите
- Го намалува стресот
- Ја намалува анксиозноста и болката
- Идеално за релаксација и спа центри.
Есенцијално масло за добра ноќ
Есенцијалното масло за добра ноќ e aроматично масло со нежна арома кое помага побрзо да заспиете и да имате подобар и поквалитетен сон. Користете го пред да одите на спиење.
Придобивки:
- Овозможува квалитетен сон
- Го релаксира умот и телото
- Го намалува стресот
- Помага при заспивање.
Есенцијално масло за релаксација
Есенцијалното масло за релаксација е ароматично масло со релаксирачка и смирувачка арома за моменти на спокој и леснотија после напорен ден. Ја ублажува анксиозноста и стресот, а депресијата и напнатоста ги држи подалеку од вас.
Придобивки:
- Ослободува од непријатна напнатост
- Го релаксира умот и телото
- Дава мир и спокојство
- Ја подобрува циркулацијата
- Идеално за релаксација и спа.
Есенцијално масло за намалување на стресот
Есенцијалното масло за намалување на стресот е ароматично масло со природна формула кое помага за справување со стресот и има смирувачки ефект. Брзо делува, може да се користи по потреба. Има дејство како тоник за смирување на анксиозноста и ја зајакнува способноста на телото да се справи со секојдневниот стрес.
Придобивки:
- Го намалува стресот
- Го подобрува расположението
- Го релаксира умот и телото
- Ја намалува анксиозноста и болката
- Идеално за релаксација и спа.
Како се користат овие есенцијални масла?
Начин на употреба:
- Бања: При бањање во кадата ставете 3-5 капки.
- Туш: Ставете 1-2 капки на подот од туш кабината.
- Дифузер: Ставете неколку капки во дуфузерот за испарување во вашата соба или работна просторија, или на специјален свеќник за етерични масла.
Начин на чување: Да се чува вон дофат од деца, на ладно место, заштитено од светлина и високи температури. Да не се чува во фрижидер.
Предупредувања: Избегнувајте директен контакт со кожата и чувствителни места. По употреба на производот убаво затворете го шишето.
Ви препорачуваме да прочитате: Совети за правилно користење на етерични масла.