Како да користите кари зачин за подготовка на вкусни јадења?

Сигурно во кујната имате ќесичка или тегла со кари зачин – онаа жолта мешавина од зачини за која не знаете како може да ја искористите. Можеби размислувате да ја испробате индиската кујна токму со овој зачин. Но, тоа е грешка! Ќе ве изненади фактот дека не сѐ што знаеме е баш така! Кари зачинот не е состојка која се користи за подготовка на индиските јадења и не е мешавина од зачини која се користи во јужната азиска кујна. Па, што е кари зачинот?

Време е да ги разјасниме нештата и да научиме нешто повеќе за состојките кои ги користиме за готвење. Кари зачинот всушност е Британско откритие, кое потсетува на гарам масала, мешавина од зачини која се користи во Северна Индија. Бил креиран за да се долови вкусот на индиската храна, но факт е дека не се користи за подготовка на автентични индиски јадења. Кари зачинот не треба да се идентификува со индиското јадење кари кое претставува оброк приготвен од месо и/или зеленчук во сос, послужено со ориз.

кари зачин

Од кои состојки се добива кари зачинот?

Можеби сте забележале дека вкусот и аромата на кари зачинот се разликува во зависност од компанијата која го произведува. Тоа е така, затоа што не постои стандарден рецепт за подготовка на кари. Главните состојки се речиси исти, а најчесто се користи ким, коријандер и куркума (од која се добива карактеристичната жолта боја). Други состојки кои се додаваат се црвен или црн пипер, ѓумбир, синап, каранфилче, кардамом и лаворов лист.

Треба да знаете и дека кари зачинот не содржи листови од дрвото кари.

Како се користи кари зачинот за подготовка на јадења?

Сега знаете дека нема да можете да приготвувате традиционални индиски јадења, но кари зачинот може да го користите на многу други начини. Сигурно веќе сте пробале пилешко во кари сос, а има уште многу можности за негова употреба. Карито може да се користи за зачинување на:

  • супи и чорби
  • подготовка на познатиот кари сос и други сосови
  • маринади
  • јадења со месо и зеленчуци
  • а ние обожаваме да приготвуваме и солените стапчиња со кари.

Како што се зголемувала популарноста на овој зачин, креативните готвачи ширум светот започнаа да го користат за зачинување на плескавици, кајгана и салата со компири.

Неколку придобивки од консумацијата на кари зачинот

Освен што ќе му даде карактеристичен вкус на јадењата, кари зачинот го подобрува варењето на храната. Некои истражувања утврдиле дека кари зачинот има позитивни ефекти кај пациентите кои што страдаат од рак и Алцхајмерова болест, а го чува и здравјето на црниот дроб. А сите придобивки им се препишуваат за моќните зачини кои влегуваат во неговиот состав како што се куркумата, кимот и коријандерот.

Некои научници веруваат дека исхраната богата со кари може да го заштити мозокот од стареење. За да немате главоболки зачинувајте ги салатите и месото со овој зачин, бидејќи во кари е присутна главната компонента на аспиринот.

Во медицината, куркумата која е составен дел на кари е одамна позната како помошник кој го зајакнува и храни организмот. Таа се користи за:

  • подобрување на варењето на храната
  • ја поддржувакорисната микрофлора во цревата
  • помага занамалување на подуеноста
  • го поддржувафункционирањето на црниот дроб и жолчката
  • … и не само тоа!

Ви предлагаме да прочитате: Пилешко во кари сос со зеленчук и ориз.

Сподели: