14-ти роденден на иновативната компанија за ладно цедени масла Фила

14-ти роденден на иновативната компанија за ладно цедени масла Фила

Секој кој се насочил или барем се интересира за здравиот животен стил ја познава Фила! Тоа е дел од нивната мисија и цел. Нивно начело е промоција на здравиот начин на исхрана и едукација на граѓаните за значењето на ладно цедените масла во исхраната и животот. Нивните производи во најголема мера се произведуваат во Македонија и од поголеми количини на домашна суровина, што се супер факти. Фила од поодамна се наши пријатели и во тоа име, со овој текст им го честитаме 14-тиот роденден и им посакуваме да слават уште многу нови родендени, а сите вас ве запознаваме малку подетално со она што го знаеме за нив.

Уште од самото свое основање во 2005 година, Агрофила (Фила) ја има јасно дефинирано својата општествена одговорност во својата средина. Со својата специфична дејност на производство на ладно цедени масла има голем придонес кон развојот на заедницата, со иницирање и зголемување на свесноста од правилната и природна исхрана на населението во државата. Зголемување на изборот на различни видови на масла, за кој заедницата во повеќе случаи и прв пат се запознава со нивниот вкус, изглед, а секако и со големите здравствени придобивки од нивната консумација.

фила роденден

Фила е водечки производител на ладно цедени масла во Македонија

Агрофила е една од ретките производители на ладно цедени масла во земјава и регионот. Можеби преставува и единствена фирма со таа големина и капацитет која има основна дејност на производство на ваков вид на масла за јадење.

Фирмата има цел да го зголеми домашното производство на суровини за производство на масла, така што прави напори со свои проекти за поттикнување на земјоделците во повеќе региони на државата да ги зголемат површините со различни маслoдајни култури, но пред сè сончоглед.

Да ги запознаеме подобро

Од нив дознавме и која е нивната визија: „Нашата визија е Агрофила како компанија и брендот на ладно цедени масла ФИЛА да станат лесно препознатливи на домашниот пазар, во соседството и во други европски земји. Да создадеме партнерство со потрошувачите кои ќе веруваат во квалитетот на производите на ФИЛА, кои ќе станат производ со врвен квалитет во областа на ладно цедените масла.“

Фила поседува повеќе награди и признанија, како и сертификати кои сведочат за добрата работа, а истите можете да ги погледнете подетално ако кликнете на овој линк. А ако сакате да дознаете повеќе за нивниот напредок од почетокот до сега, тоа може да го прочитате тука.

Што друго произведува Фила?

Освен што произведува ладно цедени масла, произведува и зимници со ладно цедени масла, обезмастени семиња кои се богати со протеини и се препорачуваат како добра храна за спортисти, како и сапуни со ладно цедени масла кои се одлични за нега на кожата, а посебно ако ви е чувствителна. Од нивната фан страница и веб страница може да дознаете многу повеќе за производите, а ако сакате да ги нарачате посетете ја нивната онлајн продавница или побарајте ги во поголемите маркети.

По повод роденденот, Фила има акциски пакети за сите нас:

  • Масло од лен 250мл + Обезмастен мелен лен 250гр + сапун лен со цена од 210 денари
  • Масло од сончоглед 1 л + Микс 4 семиња 250 гр со цена од 130 денари
  • Масло од тиква 100 % 250 мл + Семки од тиква 250 гр + Сапун тиква со цена од 450 денари
  • Масло од црно семе 250 мл + Обезмастено мелено црно семе 250гр + Сапун црно семе со цена од 450 денари.
  • Масло од сусам 250гр + Обезмастен мелен интегрален сусам 250гр + Сапун сусам со цена од 260 денари.

За да ги порачате посетете ја нивната Facebook фан страница, каде што може да учествувате во наградниот натпревар како и да ги следите роденденските изненадувања до 14-ти Октомври.

Фила се тим на луѓе кои страсно го сакаат она што го работат и како и секој вљубеник во својата работа, се вложуваат максимално за нејзиниот успех! Им посакуваме да работат успешно уште многу години и да слават уште многу нови родендени!

Ви препорачуваме да прочитате: Која е разликата меѓу ладно цедените масла и рафинираните масла?

Сподели: