damki od dezodorans

Како најлесно да отстраните дамки од дезодоранс?

Ви се случило ли на омилената маичка да забележите траги од дезодорансот? Сте пробале да ја исперете, но дамката останала? Имаме некои практични трикови со кои ќе може да ги исчистите алиштата од непријатните дамки од дезодоранс.

Дезодорансот е направен со цел да ги елиминира непријатните мириси. Но, многу често остава траги на облеката кои тешко можат да се отстранат. Постојат повеќе природни методи кои можат да ви помогнат на брз и лесен начин да ги отстраните дамките од вашата омилена облека. Тука се некои од најдобрите:

дамки од дезодоранс

Аспирин

Издробете 2 аспирина и промешајте ги со околу 60 милилитри вода. Истурете ја течноста директно врз дамката. По 2 часа исперете ја облеката како и обично.

Сода бикарбона

Измешајте половина чаша сода бикарбона со количина на вода која е доволна да се добие течна паста. Така добиената паста нанесете ја врз дамката. По 1 час исплакнете ја дамката со ладна вода, па исперете како и обично.

Сок од лимон

Директно на дамката нанесете свежо исцеден сок од лимон. Додајте една лажица сол и тријте со прстите. Прво исплакнете ја облеката со ладна вода, а потоа исперете како и обично.

Сол и киселина

Мешавината од сол и киселина прави чуда кога станува збор за дамки од дезодоранс. Измешајте 1 чаша сол, 2 чаши алкохолна киселина, 2 чаши врела вода и 1 лажиче детергент за миење садови. Во добиениот раствор ставате ја облеката со дамки и оставете ја за време од еден до два часа. Потоа исперете ја.

Алкохолна киселина

Измешајте 1 чаша алкохолна киселина со 1 чаша врела вода. Добиениот раствор нанесете го на дамката и добро истријте. Доколку станува збор за тврдокорна дамка потопете ја облеката во растворот и оставете ја да отстои неколку часа, а потоа исперете.

Боракс

Стариот добар боракс отсекогаш бил добар како средство за чистење и е многу поевтин од другите производи. Дамката ставете ја под млаз врела вода, а потоа врз неа посипете боракс. Добро истријте, а потоа исперете.

Ви предлагаме да прочитате: Домашни средства за отстранување на мрсни дамки на облеката.

Сподели: