Лесно исчистете ги креветите од микрофибер со помош на алкохол

Повеќе не мора да ги прекривате креветите затоа што вашето дете истурило кафе или сок на нив. Ослободете се од досадните дамки кои го грдат мебелот на многу лесен и едноставен начин и тоа само со една состојка – медицински алкохол. На овој начин мебелот од микрофибер ќе заблеска исто како нов!

Сите оние кои имаат мали деца знаат колку лесно се валка мебелот од микрофибер и колку е тежок за одржување. Па, уште доколку имате и домашно милениче, веројатно го поминувате целиот ден во негово чистење. Ние пронајдовме многу едноставен начин како да ги исчистите креветите од микрофибер. Во продолжение дознајте што се ви е потребно за овој едноставен трик за чистење.

кревет од микрофибер

Како да ги исчистите креветите од микрофибер со помош на алкохол?

Потребни материјали:

  • медицински алкохол
  • шише со распрскувач
  • четка за чистење со меки влакна
  • сунѓер.

Начин на подготовка и користење:

  1. Медицинскиот алкохол турете го во шишенце со распрскувач и испрскајте ги валканите делови на креветот. Алкохолот многу побрзо испарува од водата, па нема да останат водени дамки.
  2. Откако ќе го испрскате креветот, со помош на сунѓер енергично тријте ги сите места кои сте ги попрскале со алкохол.
  3. Откако материјалот ќе се исуши од алкохолот, нежно поминете го со четка со меки влакна. На овој начин микрофиберот ќе омекне и влакната од материјалот ќе се вратат на старото место.

Совет плус: Четката и сунѓерот треба да бидат бели, бидејќи во спротивно може да премине нивната боја врз микрофиберот.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 природни намирници за лесно чистење на домот.

Сподели: