чиста рерна

5 совети за чиста рерна како од продавница

На повеќето домаќинки, чистењето на рерната сигурно им е една од помалку омилените активности во кујната. Сакате полесен начин на чистење? – Само следете ги нашите едноставни совети и имајте совршено чиста рерна, како нова.

Најдобар совет кој треба секогаш да го применувате е да ја чистите и одржувате рерната редовно, но и да користите проверени и докажани средства за чистење. На тој начин во голема мера ќе си ја олесните работата и ќе имате повеќе време за готвење и уживање со најблиските.

чиста рерна

1. Редовно одржувајте ја хигиената на рерната

Маснотиите и остатоците од храна многу брзо се таложат на рерната, а колку повеќе готвите, толку повалкана ќе биде. Затоа, веднаш штом се извалка избришете ги сите дамки и маснотии, бидејќи откако ќе се засушат, процесот на чистење е многу потежок. Најдобро е рерната да се брише после секоја употреба. За таа цел, препорачуваме да го користите Aris DeGrass Citro Sensitivo. Aris DeGrass Citro Sensitivo е мултинаменски некорозивен одмрснувач со нежен мирис на цитрон со формула што не нагризува. Ефикасен е при чистење на рерни, како и рингли, рамни плочи, скари, фритези, аспиратори, автомобилски мотори, како и за перење на теписи и вадење на масни дамки од алиштата.

2. Извадете ги деловите кои се вадат како плехови и решетки и исчистете ги

После секоја употреба на рерната извадете ги решетките и плеховите и добро измијте ги со сунѓер и неабразивно средство за чистење. Наша препорака се Ponte, детергентите за рачно миење на садови кои може да ги најдете низ маркетите или да ги порачате онлајн преку продавницата на Арис. И страничните носачи на решетката може да се извадат, а на повеќето модели на рерна, истите може да се мијат во машина за садови. Доколку на решетката има стари и загорени нечистотии, истријте ги со абразивен дел на сунѓер. За потвдокорни маснотии користете Aris DeGrass Classic или Aris DeGrass Doppio Concentrato.

3. Посветете внимание на надворешните делови, контролниот панел и вратата на рерната

Бидете особено внимателни со пределот околу вратата бидејќи тука најмногу се таложат маснотии. Доколку долго време не сте ја исчистиле, ќе треба да вложите голем напор за да ги отстраните сите наталожени нечистотии. За среќа, на пазарот постојат производи за чистење на рерна, како Aris DeGrass Classic, Aris DeGrass Doppio Concentrato и Aris DeGrass Citro Sensitivo.

4. Темелно исчистете ја внатрешноста на рерната

Со помош на неабразивно средство за чистење Aris DeGrass Citro Sensitivo, темелно избришете го внатершниот дел на рерната. Доколку останале наталожени маснотии во внатрешноста на рерната како и надворешниот дел, може да се употреби Aris DeGrass Doppio Concentrato. Со својата двојно посилна формула, Aris DeGrass Doppio Concentrato многу полесно ќе ги отстрани маснотиите. За истата намена може да го користите и Aris DeGrass Classic. Едноставно, напрскајте и оставете да делува за време од 10-тина минути. Пребришете со чиста и влажна крпа.

5. Како да го исчистите стаклениот дел на рерната?

Доколку сте во потрага по лесен и брз начин на кој ќе го исчистите стаклото од надворешната страна на рерната до беспрекорен сјај, тогаш сѐ што треба да направите е да си набавите Luce средство за чистење на стакло и микрофибер крпа. Напрскајте го стаклото со средството и оставете малку да дејствува, а потоа избришете со крпата и вашата работа е завршена. Доколку на стаклото има стари и наталожени маснотии, во тој случај напрскајте најпрво со Aris DeGrass Citro Sensitivo и избришете. Потоа исчистете со средство за стакло и мека крпа. Aris DeGrass Citro Sensitivo може да го користите како за надворешниот, така и за внатрешниот стаклен дел на рерната.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 трикови за лесно отстранување на дамките од храна.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: