Освен хемиски препарати за чистење, дамките можете да ги отстраните и со помош на повеќе природни намирници за лесно чистење на домот. Што е најдобро, најверојатно ги имате секојдневно при рака.
Лимон
Цитрусните овошја, а посебно лимонот можат да ви помогнат да ги отстраните нечистотиите од микробрановата печка, дамките од постелнината и алиштата и да го подобрите сјајот на шпоретите.
Ориз
Лажица неварен ориз (со топла вода и малку детергент за садови) ќе помогнат за чистење на внатрешноста на садовите и тешко пристапните места.
Кечап
Кечапот може да го врати сјајот на бакарните садови, а исто така да направи за вашиот автомобил да заблеска. Чудно нели? Но, ете функционира.
Кујнска сол
Текстурата на основната кујнска намирница може да избрише мрснотии од работните површини во кујната и да помогне за отстранување на наслаги од храна, кои останале на површината на садовите за готвење.

Ореви
Ако вашиот мебел од дрво е оштетен или изгребан, триењето со орев може да ја маскира штетата.
Сода бикарбона
Таа е една од најделотворните средства за чистење. Помешана со топла вода е ефикасна за чистење на разни површини, а дури може да го врати и сјајот на ноктите.
Киселина
Како и содата бикарбона, белата киселан е моќно природно средство за чистење. СО нејзина помош можете да ги отстраните дамките од облеката и долниот веш, од тепихот или да ги исчистите одлично прозорците. Киселината не е добро да се користи при чистење на мермер или плочки, бидејќи така може да нанесе повеќе штета од корист.
Вотка
Вотката е одлична за враќање на сјајот на хромни и порцелански површини.
Ви препорачуваме да прочитате: 16 начини да употребите сол за чистење на цела куќа.