suv omeknuvac za alista 1

Сув омекнувач за алишта од само 2 состојки

Не сакате да купувате омекнувач за алишта, бидејќи не сте сигурни колку се штетни хемикалиите кои се наоѓаат во него? Ние имаме едноставно решение! Направете сами сув омекнувач за алишта  и тоа само од две состојки, сол и етерично масло. Се прави брзо, лесно, евтино, а е подеднакво ефикасен како и купечките.

Нема да ви се верува колку вашите алишта ќе станат меки и тоа без употреба на хемикалии со сомнително потекло.  Клучната состојка е обичната кујнска сол која секојдневно ја користиме за готвење и сите ја имаме дома. Солта ќе ги омекне вашите алишта, а за тие и убаво да мирисаат додајте и неколку капки етерично масло. Изберете арома која на вас најмногу ви се допаѓа. Може да користете масло со мирис на јасмин или лаванда, а за летните денови совршено одговараат и цитрусните ноти.

suv omeknuvac za alista 2

Состојки:

  • 4 чаши сол
  • 20 капки етерично масло.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Помешајте ги солта и етеричното масло и чувајте ги во херметички затворена тегла.
  2. Доколку водата во вашиот дом е тврда тогаш за секоја полна машина користете ¼ до ½ чаша сол, а за помала количина на алишта доволно ќе ви бидат и неколку лажици.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен омекнувач за алишта – брзо, безбедно и ефтино.

Сподели: