Ако сакате самите да направите омекнувач за своите алишта, а истовремено да биде безбеден, не само за вас, туку и за вашата околина, ефтин и ефикасен, тогаш овој е вистинскиот рецепт за вас.
Оваа интересна содржина е наменета за љубителите на природните препарати. Во оваа прилика ви предлагаме да испробате нешто ново кое може да се направи дома и тоа од природни состојки, односно природен омекнувач за алишта. Постојат различни начини за правење, а ние дознавме дека овој омекнувач е испробан и тестиран, и по мислење на повеќе домаќинки еден од најдобрите.

Состојки:
- 100 гр сода бикарбона
- 150 мл топла вода
- 800 мл јаболкова киселина (или друга алкохолна киселина)
- етерично масло по желба.
Подготовка:
- Измешајте ја водата и киселината, а потоа со постојано мешање додајте ја содата бикарбона. Почекајте реакцијата да заврши, бидејќи може да биде бурна (поради создавање на пена и претекување, тоа е можна нормална реакција за која треба да сте информирани. Поради ова се препорачува целата содржина да се меша во поголем сад.
- Потоа, смесата претурете ја во друга амбалажа во која ќе го чувате омекнувачот, на пример можете да го складирате во празно шише од шампон.
- Додајте неколку капки етерично масло со мирис според вашите желби, затворете го со капачето и добро протресете го шишето за да се измеша.
Природниот омекнувач е готов. Пред секоја употреба, омекнувачот треба да се добро да се протресе, а алиштата ќе бидат меки на допир, со пријатен мирис, дури и свиленкасти.
Ви посакуваме успешно и мирисно перење!