Пиперките се една од намирниците кои може брзо да се замрзнат без претходно да се бланшираат. Одмрзнатите, сурови пиперки сеуште ја имаат свежината и може да се користат во приготвени или свежи јадења.
Постапката за замрзнување на пиперки е лесна и тие го задржуваат квалитетот и вкусот до 8 месеци од денот на замрзнување.
Замрзнување на пиперки (зелени, црвени, жолти, портокалови)
За најдобро да ги замрзнете пиперките следете ги инструкциите:
- Изберете крцкави, свежи пиперки.
- Пиперките добро измијте ги и избришете ги со кујнска хартија. Потоа, пресечете ги на половина и отстранете им ги семките. За да заштедите време за отстранување на семките користете лажица.
- Потоа, пиперките пресечете ги на ленти, коцки или парчиња по желба во зависност од јадењата кои сакате да ги приготвувате со нив.
- Исечканите пиперките наредете ги во еден слој во тава. Ставете ги во замрзнувачот за време од еден час или повеќе додека се замрзнат. Овој метод е познат како замрзнување на лента.
- Замрзнатите пиперки ставете ги во најлонска ќеса за замрзнување и пробајте колку што е можно повеќе да го отстраните воздухот од нив. На овој начин пиперките ќе останат раздвоени и ќе може полесно да ја земете количината која ви е потребна за подготовка на рецептите.
- Ќесата добро затворете ја и ставете ја во замрзнувачот.

Замрзнување на мали лути пиперчиња
Малите лути пиперчиња добро измијте ги и избришете ги со кујнска хартија. Ставете ги во најлонска ќеса за замрзнување, без да оставите место помеѓу нив. Затворете ги и ставете ги во замрзнувачот. Нема потреба малите пиперчиња претходно да се сечкате.
Совет: При замрзнување на лути пиперки носете нараквици и одбегнувајте да го допирате лицето додека ги сечкате. Доколку не ставите нараквици, добро измијте ги рацете со сапун и вода, пред да го допирате лицето или очите.
Рок на употреба на замрзнатите пиперки
За да се продолжи рокот и да се зачува квалитетот на замрзната храна, истата пакувајте ја во ќеси или садови направени од материјали специјално за замрзнување. Храната чувајте ја во замрзнувач на температури пониски од -18 Целзиусови степени. Најдобро е замрзнатите пиперки да ги консумирате во рок од 8 месеци од замрзнувањето.