кандида како последица од ослабен имунитет 1

7 симптоми кои укажуваат на кандида како последица од ослабен имунитет

Можеби сте запознаени, а можеби не, но една од најчестите причини на денешно време за појава на кандидата како здравствен проблем, е прекумерната употреба на антибиотици. Во комбинација со паднат имунитет, антибиотиците освен што помагаат за лечење на една состојба, во телото прават реакција од овој тип, која посебно е изразена ако истите не се земаат комбинирано со пробиотици. Имајќи го предвид сето ова и дека денес сите нѐ демнее опасноста од светски распространетиот корона вирус, истражувавме малку пошироко за последиците од него и посветивме внимание на темата кандида како последица од ослабен имунитет. А, за издржаните информации и совети кои ги споделуваме за сите вас, искрено се заблагодаруваме на Д-р Нела Деспотовска, која е нашата силна страна кога станува збор за ваков тип на содржини.

Свесни сме дека секој би сакал да чита текстови кои опуштаат, но понекогаш е добро да се едуцираме со текстови од овој тип, кои се поддржани со истражувања од светот. Срдечно ве охрабруваме да прочитате и да споделите со пријателите, затоа што сигурни сме дека информациите од нашево истражување ќе користат некому. 

кандида како последица од ослабен имунитет 2

Во продолжение ги разработивме 7-те главни симптоми кои укажуваат на проблем со кандида. А пред да прочитате за нив, мора да спомнеме дека во нашиот организам се нормално присутни и добри бактерии или т.н. корисна микрофлора. Кога организмот е во баланс, тие ја одржуваат кандидата во здрави рамки. Но, ако се наруши тој баланс, што со антибиотиците е многу честа појава, или имунитетот е ослабен, кандидата се развива засилено и го оневозможува нормалното функционирање. Еве какви се проблеми може да направи. 

Усна кандидијаза

Кандидата која се развива во устата и грлото се нарекува усна или орална кандидијаза. Најчесто е присутна кај новороденчињата, старите лица или кај лицата со ослабен имунитет. На зголемен ризик од појава на усна кандида се изложени и лицата кои не одржуваат редовна хигиена на забите, како и оние кои носат протези или вилици. 

Како знак на присуство на кандида, се појавуваат бели испакнати точки на јазикот, внатрешноста на образите, непцата, грлото или крајниците. Усната кандидијаза често се манифестира со црвенило и болка на јазикот и устата. А, во некои потешки случаи, може да се прошири и на хранопроводот и да предизвика болка и отежнато голтање.

Замор и недостаток на енергија

Можеби ќе се изненадите, но еден од најпознатите симптоми на кандида е заморот. Иако кандидата не влијае директно, постојат неколку начини преку кои предизвикува замор и недостаток на енергија. Кандидата е придружена со дефицит на витамин Б6, есенцијални масни киселини и магнезиум. Притоа, познато ни е дека магнезиумот предизвикува замор, па на индиректен начин, недостатокот на енергија може да е знак за кандида. Исто така, кога имуниот систем е ослабен, поради кандидата се јавува замор. Како многу важно, кандидијазата на цревата може да биде потенцијална причина за хроничен замор, затоа што така е најзначително изразен дисбалансот на микрофлората.

Како тема која е корисна со информации во борба против заморот, ви ја предлагаме: Правилниот внес на магнезиум е важен за најголема искористливост во телото.

Повторувачки инфекции на гениталиите и уринарниот тракт

Се смета дека околу 75% од жените барем еднаш страдаат од габична инфекција, а кај половина од нив се повторува најмалку уште еднаш. Оваа состојба може да настане и кај мажите, но е многу поретка отколку кај жените. Иако ретко, сепак кандидата може да предизвика и инфекции на уринарниот тракт.

Дигестивни проблеми

Здравјето на дигестивниот систем зависи од балансот помеѓу добрите и лошите бактерии во цревата. Добрите бактерии, нормално присутни во цревата, се важни за варењето на храната. Кога има дисбаланс на цревната флора, се јавуваат проблеми како констипација, дијареја, гадење, гасови, грчеви и надуеност. Некои истражувања укажуваат на тоа дека растот на кандида се поврзува со развој на улцеративен колитис и Кронова болест.

Синусни инфекции

Инфекциите на синусите се третираат со антибиотици. Сепак, оваа метода не дава резултат за хроничните инфекции предизвикани од габи, и тоа најчесто кандида. Токму поради тоа, употребата на антибиотици при хронични синусни инфекции дури може и да ја влоши состојбата.

Габични инфекции на кожата и ноктите

И на кожата се присутни бактерии кои го спречуваат растот на кандида. За развој на кандидата на кожата, влијаат температурата, рН и влажноста. Некои средства за нега и хигиена на кожата може да создадат услови за кандида.

Болки во зглобовите

Ако инфекцијата со кандида навлезе во крвотокот и патува низ телото, може да ги нападне зглобовите и да предизвика артритис. Се јавуваат болки, вкочанетост и отеченост на зглобовите. Ова обично се случува после операција или ако кандидата не се третира подолг период. Инфекциите на коските и зглобовите со кандида не се многу чести, но кога ќе се појават, тешко е да се ослободите. Овој симптом не е вообичаен за кандидата, а од друга страна е чест симптом на корона вирус, па може да настане забуна кога ќе се појават болки во зглобовите. 

Што можеме да ви препорачаме?

Работете на вашиот имунитет секојдневно. Чувајте се и негувајте, зашто тој е многу важен за одбраната на организмот. Еден од начините на кои може да го постигнете тоа, е да вклучите додатоци во исхраната. Од нашето искуство и поткрепено со лекарски совет од Д-р Нела, можеме да ви препорачаме да си набавите:

  • N-Acetyl Cysteine (NAC) – стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Содржи сулфур и делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури. Молибден и селен се основните минерали во трагови кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими. NAC штити од слободните радикали и помага во одржување на клеточното здравје.
  • Витамин Ц – витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој може да ги заштити клетките и молекулите на телото од оштетување од слободните радикали. Како таков го предлагаме NOW® AlphaSorb-C®, кој е богат со алфа липоична киселина со високо ниво на искористливост и претставува уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, кој подобро се апсорбира во организмот, споредено со други додатоци во исхраната.
  • Селен – Selenium 100 mcg – селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот, па затоа често е потребен негов дополнителен внес. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Како проверен додаток во исхраната, го препорачуваме Selenium 100 mcg, кој е без квасец и не содржи глутен, ниту млеко, риба и јајца.
  • Hawaiian Spirulina – Оваа супер храна содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки во својата изворна форма. Претставува природен извор на протеини, железо, калциум, витамин Е и многу други нутриенти важни за зајакнување на имунитетот. Затоа и е наречена суперхрана. Наш избор секогаш е Hawaiian Spirulina, која единствена е атестирана како природно одгледувана и произведена алга.
  • Пробиотици – Или познати како добри бактерии кои се борат против лошите. Таков производ е Acidophilus 4×6 од NOW кој е создаден да обезбеди балансиран спектар на полезни бактерии најдени во човековиот интестинален тракт. А, при усна кандида, изберете NOW® OralBiotic ™ кој го содржи го содржи природниот пробиотски организам Streptococcus salivarius.
  • Витамините Б3 и Б12 – неопходни за производство на енергија и нутритивно здравје.
  • Магнезиум – минерал кој е од клучно значење за производство на енергија за телото и метаболитичките процеси.

Наведените додатоци во исхраната може да ги нарачате на онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава, како и да ги купите од сите подобро снабдените аптеки низ земјава.

селен

Ви препорачуваме да прочитате:  Витамин Д неопходен за силен имунитет во ладните месеци.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: