Правилниот внес на магнезиум е важен за најголема искористливост 1

Правилниот внес на магнезиум е важен за најголема искористливост во телото

Има различни фактори кои влијаат врз апсорпцијата на хранливите материи во телото. Сознанијата кои секој од нас е добро да ги знае за што подобра искористливост на нутриентите во насока на здравјето, не секогаш се сложени за памтење и разбирање. А, како што знаете, наша цел и задача е на лесно разбирлив и достапен начин да ги пренесеме корисните информации до вас. Па, во оваа прилика ја разработуваме темата за важноста на правилниот внес на магнезиум и препорачуваме да прочитате до крај.

Кога ќе забележите било каква промена во вашето здравје, многу од вас ќе се запрашаат дали состојбата ќе се промени со помош на додатоци во исхраната. Одговорот е ДА, но не секогаш e доволно само да се зема еден додаток и брзо да се очекуваат резултати. Како функционираат додатоците во исхраната ќе ви објасниме преку примерот со магнезиум.

Правилниот внес на магнезиум е важен за најголема искористливост 2

Многу луѓе се одлучуваат да користат магнезиум при првите очигледни симптоми. Симптомите на недостаток на магнезиум се губење на концентрацијата и апетитот, умор и грчеви во мускулите. Повеќето од нив може да се поврзат и со недостаток на некој друг минерал или витамин. Но, кога личноста ќе забележи грчење на мускулите, тогаш со сигурност може да се каже дека на организмот му недостига магнезиум.

Со недостаток од магнезиум се соочуваат речиси сите

Тоа е така затоа што сите намирниците за кои се сметало дека се богати со магнезиум, денес се значајно осиромашени. Залихите во почвата на која се одгледуваат овошјето и зеленчукот се веќе истрошени и тоа е една од причините.

Исто така, на количината на магнезиум во храната влијае и начинот на подготовка. Добро е да се знае дека премногу термички обработените или замрзнатите намирници се посиромашни со овој важен минерал, споредено со свежите или соодветно приготвените намирници.

Ако дојде до земање на поголема доза на магнезиум, симптомот преку кој може да препознаете е мека столица. Затоа, се препорачува пропишаната доза на магнезиум да не се надминува, а ако имате проблем со столицата, можно е да имате недостаток на магнезиум, па препорачуваме да го погледнете текстот на подолниот линк.

Може да ве интересира: 5 природни начини против констипација.

Апсорпцијата на магнезиумот може да е потпомогната од одредени витамини и минерали

Од голема важност е со магнезиумот да се внесуваат и други витамини и минерали кои ја зголемуваат апсорпцијата. Важен е витаминот Б6 кој е значаен за крвта, нервите и имунолошкиот систем. Исто така, важно е да се зема магнезиум во комбинација со калциум.

Витаминот Ц заедно со магнезиумот се одговорни за заштита на кардиоваскуларниот систем и ги спречуваат сите болести поврзани со атеросклероза. Освен тоа, ги чуваат внатрешните ѕидови на артериите и не дозволуваат да се натрупуваат масти и холестерол. Го зајакнуваат сврзното ткиво, па витаминот Ц во комбинација со магнезиум помага во заздравување на рани.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: Здраво срце и крвни садови гарантираат долг животен век и Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.

Колку магнезиум ни е потребно и како да постигнеме најголема искористливост?

Дневните потреби од магнезиум изнесуваат околу 375 милиграми. Притоа, кога се зема во вид на додаток на исхраната, треба да се внимава во кој облик се зема. Ако се користи во облик на магнезиум оксид, тогаш ќе биде слабо искористен во организмот. А, ако се зема во вид на цитрат, во тој случај, организмот ќе го искористи магнезиумот максимално. Magnesium Citratе e додаток во исхраната кој ја поддржува срцевата активност и спречува аритмии. Од нашите истражувања и вашето позитивно искуство, од додатоците во исхраната достапни на нашиот пазар, ние ги препорачуваме  Magnesium Citrate таблетите и Magnesium Citrate меките капсули на Now FoodsMagnesium Citrate на Now Foods значително помага за нормално функционирање на нервниот систем и мускулната функција. Може да го купите или повеќе да прочитате тука, да се информирате во поголемите аптеки или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

празничен стрес магнезиум

Кога треба да се внесува додаток на магнезиум секој ден?

Секојдневен внес на магнезиум како додаток се практикува кога личноста има зголемен мускулен напор, зголемена физичка активност и кај лица кои се изложени на стресни ситуации.

Совет плус: Додатоците во исхраната не се замена за балансирана исхрана. Важно е да се држите до урамнотежена и разновидна исхрана, и здрав начин на живот. За да може некој додаток да делува на вашиот организам, важно е да се информирате како правилно да го внесувате, па не двоумете се да се консултирате со вашиот лекар секогаш кога е потребно.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: природни третмани за намалување на болките во колената.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: