Кога е најдобро време да пиете вода?

Сите знаеме колку е важна водата за нашето здравје и енергија. Хидратацијата не е важна само за време на летото, туку и во текот на целата година. Нашето тело се состои од повеќе од 70% вода, а таа е неопходна за живот, за регулирање на температурата на телото, елиминирање на токсините, зголемување на енергијата и забрзување на метаболизмот.

Препорачаната дневна доза e околу 2 литри, но таа зависи од возраста, полот, телесната тежина, здравствената состојба и степенот на физичка активност. Недоволното внесување на вода доведува до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки и замор. Но, дали некогаш сте се запрашале кога е најдобро време да пиеме вода? – Продолжете со читање.

кога е најдобро време да пиете вода

Важно е да пиете вода, но на правилен начин

Како што постојат правила за исхрана, така постои и правилен начин на пиење вода кој најмногу му користи на нашето тело. Еве неколку едноставни совети кога е најдобро да ја консумирате:

  • Наутро, штом се разбудите – Првото нешто што треба да го направите кога ќе се разбудите е да испиете чаша вода. На тој начин ја поттикнувате работата на внатрешните органи.
  • Пред и после тренинг – Водата ја регулира телесната температура за време на вежбањето. Ако пиете доволно вода, ќе имате повеќе енергија и сила да го завршите вежбањето. Покрај тоа, ќе ви помогне да ги спречите грчевите на мускулите и да го вратите пулсот во нормала.
  • Половина час пред оброк – Консумирањето на 1-2 чаши вода пред оброк значително го намалува апетитот и води до внесување на помал број калории. Освен тоа, го забрзува метаболизмот, особено ако е ладна.
  • Пред туширање – Пред туширање исто така е важно да се пие по една чаша вода за да му помогнете на телото да го намали крвниот притисок.
  • Пред спиење – Еден час пред да си легнете да спиете испијте една чаша вода. На тој начин ќе го надоместите губењето течности во текот на ноќта.
  • Кога не се чувствувате добро – Ако не внесуваме доволно вода во организмот, доаѓа до дехидрација, а посебно е важно да пиеме доволно кога сме болни, при покачена температура или вежбаме.
  • Кога се чувствувате уморно – Една од најчестите причини поради кои луѓето се чувствуваат изморени во текот на денот е дехидратацијата. Водата ѝ помага на крвта во транспортот на кислород и други материи до различните клетки во телото. Па, кога во телото има доволна количина, нивото на енергија е поголемо.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 причини зошто е добро наутро и навечер да се напиете чаша топла вода.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: