Крцкави ќофтиња од тиквичка 1

Крцкави ќофтиња од тиквичка

Обожаваме лесни и едноставни рецепти! Подготовката на таквото јадење е секогаш уживање, па топло препорачуваме да го пробате нашиот рецепт за крцкави ќофтиња од тиквички. Целото семејство ќе ги обожава, направете им ги!

Со тиквичките може да приготвите голем број на јадења, а освен вкусните ќофтиња препорачуваме да ја пробате мусаката со мелено месо и кремаст прелив. Тиквичките се нискокалорични, богати со витамини и минерали, а тоа ги прави идеална намирница која треба почесто да ја вклучите во исхраната.

Крцкави ќофтиња од тиквичка 2

Состојки:

  • 1 голема тиквичка
  • малку сол за посолување на тиквичката
  • 2 јајца
  • 75 г брашно
  • 75 г гриз
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • ½ лажичка мешан зачин
  • 50 г рендано биено сирење или кашкавал/пармезан
  • 1-3 чешниња лук по вкус
  • масло по потреба за пржење.

Подготовка:

  1. Излупете ја тиквичката, изрендајте ја и малку посолете ја. Оставете ја да отстои 20-тина минути.
  2. Јајцата изматете ги со виљушка, а потоа измешајте ги со брашното и гризот. Во садот со јајцата, додајте ги прашокот за печиво, мешаниот зачин и мешавината од зачини. Имајќи го предвид нејзиниот мешан состав од црн, бел и црвен бибер, плус морска сол, со само еден зачин ќе постигнете одличен вкус на ќофтињата.
  3. Изренданата тиквичка добро исцедете ја и измешајте ја со претходно припремената смеса.
  4. На крај, додајте ги ситно сечканото лукче и ренданото биено сирење или за замена може да ставите кашкавал, пармезан и слично.
  5. Добро загрејте го маслото во тавата во која ќе ги пржите ќофтињата. Потоа, со лажица земајте по малку од смесата и ставајте ја во врелото масло.
  6. Пржете ги кратко на едната, а потоа на другата страна додека заруменат.
  7. Откако ќе добијат златесто црвена боја од двете страни, готовите ќофтиња извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот масло. Послужете ги топли и уживајте во светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански ќофтиња со спанаќ и сирење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: