Овој лековит напиток од цвекло доаѓа од руската традиционална медицина, а е познат по тоа што во себе крие неверојатна лековита моќ. Лесно се прави и се смета за најдобар немедицински лек за хипертензија (покачен крвен притисок) бидејќи овозможува нормализирање на крвниот притисок за подолг временски период.
Постојат и медицински истражувања кои покажале дека овој лековит напиток од цвекло спречува развој на малигни тумори, го чисти црниот дроб и организмот од токсини и други штетни материи, помага против опстипација и други проблеми со цревата.
Благодарение на антоцијаните во составот на цвеклото, кои воедно ја даваат и убавата боја, има влијание во обновувањето на крвта и делува антиканцерогено. Цвеклото влијае исклучително позитивно во деминерализацијата на коските и забите. Јодот во неговиот состав е драгоцен во борбата против атеросклероза и успорување на процесот на стареење. Бетанинот и бетаинот во неговиот состав го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги чуваат крвните садови и ја поттикнуваат работата на црниот дроб. Позитивно влијае при слабокрвност, за подобра функција на мозокот, а ја подобрува и работата на желудникот и цревата.

Еве како да го припремите домашниот лековит напиток од цвекло
Состојки:
- стаклена тегла од 3 литри (уште подобро е ако имате глинен сад)
- околу 700 гр цвекло (или 3 свежи цвекла со средна големина)
- 2 лажици брашно
- 200 гр шеќер
- 100 гр суво грозје.
Подготовка:
- Цвеклото измијте го, излупете го и исечете го на коцки или тенки кришки, а потоа ставете го во тегла.
- Додајте го сувото грозје, брашното и шеќерот.
- Теглата наполнете ја со ладна, а претходно превриена вода и измешајте.
- Добро затворете ја и завиткајте ја со двојна газа, за да нема можност за контакт со воздухот, па оставете ја на топло околу 6-7 дена да ферментира. Содржината во теглата мешајте ја 2 пати дневно, а по потреба отстранувајте ја и пената.
- По 7 дена процедете ја течноста преку чиста газа и лековитиот напиток од цвекло е готов.
- Пијте 3-4 лажици, по 3 пати на ден и пред оброк. Напитокот чувајте го во фрижидер.
Кога ќе го испиете целиот напиток од една доза, со тоа завршува првиот третман на чистење на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци, па повторете го третманот. Повторно направете уште една пауза од 3 месеци и повторете го третманот по трет пат. После година дена, вашиот црн дроб ќе биде чист, а ако имате проблем со камења во бубрезите очекувано е да имате подобрување и во тој поглед.
Забелешка: Напитокот не се препорачува за луѓе кои имаат болни бубрези, низок крвен притисок, проблеми со системот за варење како што е гихт и слично. Во случај да имате некаков сомнеж дали смеете да го користите напитоков, задолжително консултирајте се со лекар.